По седум години од пожарот, верниците од Богданци повтоерно ќе го добијат храмот посветен на Свети Атанасиј Велики.
Повардарската епархија за 14 ноември го закажа осветувањето на возобновената црква која поради спој на електрична инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Црквата е изградена во 1880 година, а сега добива нов лик.
-На 14 Ноември 2021 година, ќе ја осветиме црквата „Св. Атанасиј Велики“ во центарот на градот Богданци. Оваа црква која првично е изградена во 1880 година, поради спој во електричната инсталација беше целосно опожарена во 2014 година. Ова беше голема духовна загуба и за жителите на градот Богданци, и воопшто сите верници на Македонската православна црква. Но и при оваа неволја за градот Богданци и за неговите жители, како и за Повардарската епархија, не останавме рамнодушни, туку напротив веднаш започнавме со изградба на нов импозантен храм кој одново ќе го краси овој град. Со Божја помош и благослов, успеавме во нашите намери. Тој ден е 14 ноември. Храмот на светиот Атанасиј, архиепископот Александриски, повторно ќе биде духовен светилник на Богданци. Затоа дојдете, заедно, соборно да се радуваме на неговото осветување, вели Митрополит Повардарски г. Агатангел.
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ од Њујорк беше запрашан дали поканата која ја добил за присуство на настанот од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамнп во Вашингтон била добиена „по приватни канали“ и скапоплатена од специјализирана агенција, или пак ја добил официјално по иницијатива од САД. Вели поканата не е најважното нешто, туку инвестиции во Македонија кои таа посета ќе ги донесе. Според него допрва ќе бидат објавувани кои се бенифициите за земјата од посетата на САД.
-Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи.
Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место – прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека во ВИП-просторот го следел настанот заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, и со сопственикот на НБА-клубот Шарлот Хорнетс, кој како што рече тој, е милијардер кој се бавел со продажба на недвижнини.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка.
На средбата беше констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат да напредуваат и дека без нив економијата е чувствителна на шокови коишто го нарушуваат растот и ја намалуваат довербата на јавноста во финансиските системи. Во таа насока, беше истакнато дека преку политиките и мерките на Народната банка за задржување на ценовната и финансиската стабилност, се обезбедува одржлив економски раст.
Имајќи ја предвид клучната улога на Народната банка во заштитата на овие фундаменти, како суштински за создавање на стабилна и предвидлива средина за бизнисите, инвеститорите и домаќинствата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази поддршка на нејзината посветеност за одржување на здрави монетарни и финансиски политики, отпорна економија и просперитетна иднина.
На средбата, гувернерката посочи дека просечната инфлација во 2024 година беше 3,5%, што е во согласност со проекциите на Народната банка, а се очекува намалување на околу 2,5% во 2025 година и враќање на историскиот просек од 2% на среден рок. Во однос на економскиот раст, се предвидува умерено забрзување, односно закрепнување на економската активност. Економијата ќе биде поддржана со кредитна активност, натамошно проширување на депозитната база и со стабилен банкарски систем. Сепак, поради постојните ризици од особена важност е да се водат внимателни макроекономски политики. Во таа насока, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка ќе продолжи со спроведување на добро осмислени политики, коишто ќе обезбедат долгорочна макроекономска стабилност и ќе гарантираат одржлив економски раст.
Соговорничките разменија мислења и за можните влијанија на глобалните економски случувања и геополитиката врз македонската економија, причините за чувствителноста на надворешни шокови, факторите што влијаат врз зголемување на странските директни инвестиции, како и за неопходните мерки за фискална консолидација.
Во разговорот беше изразено очекување дека Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија ќе има позитивно влијание врз економијата и спроведувањето на Реформската агенда на државата.
На крајот, гувернерката ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со нивните напори и заложби за што е можно побрзо вклучување на државата во Европската област за плаќања во евра (СЕПА) со цел зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и интегрирање во заедничкиот европски пазар.
Полициски службеници од СВР Куманово утринава привеле 28-годишен жител на селото Отља, општина Липково, затоа што ограбил таксист.
„Тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возач од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља. Разбојникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.