Ристовски: Во нашата соблекувална нема бел, црн, нема Албанец, Македонец, има еден дрес за кој играме

„Македонија не е навикната да игра вакви натпревари, за настап на Европско, за бараж на Светско првенство, но мислам дека ги отворивме очите на фудбалскиот свет. Денеска Македонија е загушена од многу работи, и затоа ми е драго што го израдувавме народот. Во нашата соблекувална нема бел, црн, нема Албанец-Македонец, има еден дрес за кој играме и тоа го покажуваме“, вели Ристовски.

Македонскиот капитен, Стефан Ристовски вели дека репрезентацијата полека се навикнува да ги игра мечевите под притисок, откако со 3:1 го совладавме Исланд и така првпат во историјата се пласиравме на бараж за настап на едно Светско првенство.

Фото: ФФМ