Чолакова-Дервишова: Лицата со сертификат може да се заразат и да ја пренесат болеста, а имаат право да влезат во затворени прoстории

Матичните лекари изминативе две години секојдневно се занимаваат со коронавирусот. Сметам дека е касно да се праќаат известувања до пациентите кои досега не се вакцинирале бидејќи голем дел од нив поради здравствени причини не ни можат да примат вакцина против ковид 19, вели во изјава за „Локално“, претседателката на Здружението на матични лекари, д-р Лилија Чолакова-Дервишова.

Коментирјаќи ја новата мерка, влез во затворени места само со примени две дози вакцини, Чолакова-Дервишова смета дека не е праведно вакво воведување на мерки затоа што има голем број на граѓани кои се заведени во „Мој Термин“ кои имаат прележано ковид и се излекувани конзервативно преку матичните лекари.

Има луѓе кои го имаат прележано вирусот и имаат високи антитела и не сакаат, но и не смеат да се вакцинираат затоа што може да имаат контраиндикации .Не треба да има ограничувања кај граѓаните овие одлуки и пречат и на економијата.Јас како граѓанин сега немам право да влезам во трговски центар и да си купам скап парфем или алишта или можеби да седнам во ресторан на ручек затоа што не сум вакцинирана, а сум здрава или имам прележано ковид.И лицата со сертификат се вакцинирани, но тие можат повторно да се заразат и да ја пренесат болеста, а имаат право да влезат во затворени простории, објаснува докторката.