НА ЈУТУБ СЕ ПОЈАВИЈА НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ НА БАЛАШЕВИЌ: Фановите воодушевени, слушнете ги! (ВИДЕО)

На официјалниот јутјуб-канал на Ѓорѓе Балашевиќ се појавија две песни кои повеќето обожаватели веројатно никогаш не ги слушнале. Балашевиќ никогаш не ги објавил песните „Седум дена“ и „Баладата на лебедот и гавранот“ ниту со нив настапувал на концерти, а неговите обожаватели ширум светот би можеле да бидат воодушевени од необјавените материјали, пишува Индекс.

YouTube video player

Се работи за детски песни со карактеристичен текст, а и двете траат нешто повеќе од минута. Обожавателите на Балашевиќ во коментарите под песната „Седум дена“ пишуваат дека Балашевиќ ја извел во детската емисија „Полетарац“, во која тој учествувал кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години од минатиот век.