Падна „лавицата од Балканот“: Девојка од Косово создавала келиjа на „Исламска држава“ во Италија

Полицијата во Италија ја уапси Б.Т.(19), по потекло од Косово, под сомнение дека е припадник на терористичка организација и дека врбувал малолетници на Косово за да станат членови на Исламската држава. Таа е наречена „лавицата од Балканот“

Девојката била регрутирана кога имала само 16 години, а таа е лојален поддржувач на „Исламската држава“.

Б.Т. е родена во Косово, но пред извесно време дошла во Италија и  живее во Милано. Се верува дека таа е членка на организацијата „Лавови на Балканот“.

Полицијата во нејзиниот телефон пронашла илјадници фотографии и видеа посветени на „Исламската држава“, како фотографии од препознатливо црно знаме со верски натписи, но и сцени од тепачки и егзекуции на „неверници“.

Во телефонот се пронајдени снимки и фотографии од обезглавување и палење на противниците, како и сцени од терористички напади извршени во градовите низ Европа.