ПАРИЧНА НАГРАДА за СИТЕ вакцинирани граѓани со ДВЕ ДОЗИ

Претседателот Володимир Зеленски најави дека на секој Украинец што ќе прими две дози од вакцината против Ковид-19 ќе му биде исплатена парична награда за да ги поттикне сонародниците, главно сомничави за вакцината, да се вакцинираат.

„Секој што ќе прими две дози ќе добие 1.000 гривни“ или околу 35 евра, што не е занемарлива сума во таа земја, меѓу најсиромашните во Европа, рече Зеленски во видео пораката додека помалку од една третина од населението е вакцинирано.

Вакцинираните ќе можат таа сума да ја потрошат за изнајмување сала за рекреација, посета на кино, театар или музеј или за билет за воз и авион во земјава, додаде тој.

„Тоа е поддршка за индустриите кои најмногу настрадаа поради затворањето“, рече Зеленски. Државата ќе одвои 200 милиони евра во наредните месеци за програмата, која започнува на 19 декември, додаде тој.

Со 442 смртни случаи од коронавирус во последните 24 часа, поранешната советска република со слаб јавно здравствен систем вчера била втора во светот по смртни случаи на ден, по Русија (1211).

Оваа земја со околу 40 милиони жители со недели се бори со најлошиот бран на коронавирус во кој преовладува делта верзијата и недовербата на јавноста кон вакцинацијата.

Вакцинацијата била забрзана во октомври под притисок на властите да воведат ограничувања за невакцинираните, како што е обврската да се покаже здравствена карта за пристап до некои јавни места. Но, до денес, само 28 отсто од Украинците примиле две дози од вакцината против Ковид-19, соопштило Министерството за здравство.

„Врвот на бранот помина“, рече Зеленски, наведувајќи го минатонеделниот пад на бројот на нови инфекции за 6 отсто и хоспитализираните за 13 отсто во споредба со претходните седум дена. Украина, која има население од скоро 45 милиони, пријавила 3,2 милиони инфекции и повеќе од 77.000 смртни случаи.

Извор: Канал 5 ТВ