Connect with us

Спорт

Македонија е СВЕТСКИ ШАМПИОН во „Кантер страјк” ?

Published

on

Македонската репрезентација во компјутерската игра „Counter Strike: Global Offensive“ стана светски шампион по победата над Романија на Светското првенство во Израел.

Светското првенство на оваа интернет игра се одржуваше во Израел откако во финалето го совладавме тимот на Романија. Претходно, во полуфиналето, нашиот тим ја победи репрезентацијата на Украина.

Во глобалниот свет, оваа победа претставува голем успех за македонскиот е-спорт. Македонскиот тим составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го совлада тимот на Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.

На Светското првенство кое се одржа во израелскиот град Еилат, учествуваа 11 тима. Македонија како шампион ја освои наградата од 10.000 долари.

Спорт

Македонија до 19 (жени) оствари минимален триумф 1:0 над Литванија

Published

on

Женската репрезентација на Македонија до 19 години славеше минимална победа со 1:0 против селекцијата на Литванија во првиот натпревар од квалификацискиот турнир од Б лигата (втора рунда) за пласман во А лигата на квалификации за Е.П.

На стадионот Лучко, во Хрватска, избраничките на селекторот Астрит Мерко забележаа многу значајна победа во борбата за што повисок пласман во групата Б5.

Погодокот за победа беше постигнат во 92. минута од мечот. Противникот преку Сапаите си постигна афтогол, што беше доволен за минимална победа на Македонија.

Квалификациски турнир за жени во Хрватска;

Репрезентации до 19 години;

Група 5 (Б лига);

Македонија – Литванија 1:0 (0:0)

Македонија: Ведрана Комненова, Ива Јованоска, Катерина Петкова, Слаѓана Ѓорѓиева, Васка Василева, Сара Дика (Михаела Додевска 85′), Ива Јосифова, Анастасиа Илиевска, Елена Симјанова (Мелиса Димитриоска 90′), Емили Митковска (Ана Боризоска 64′), Кристина Крстева;

Селектор: Астрит Мерко;

На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко.

Во последното коло, нашата селекција ќе игра против домаќинот Хрватска. Овој натпревар ќе се одигра на 7. април со почеток во 12:30 часот, на стадионот Карловац.

Continue Reading

Спорт

Максимална казна за Шкендија – 12 меча надвор од Тетово!

Published

on

Вчерашниот натпревар помеѓу Шкендија и Брера во Тетово беше засенет од скандалозно однесување на домашните навивачи, кои за време на минутата молк не покажаа почит кон трагично загинатиот фудбалер на Шкупи, Андреј Лазаров, и останатите жртви од несреќата.

Наместо тишина и почит, навивачите на Шкендија навиваа гласно, а во еден момент дури и запеаја песна посветена на УЧК. Овој потег предизвика бурни реакции во фудбалската јавност, а сега се очекува Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да преземе строги мерки против тетовскиот клуб.

Според дисциплинскиот правилник на ФФМ, Шкендија може да се соочи со драконска казна – до 12 натпревари без публика, суспензија на домашниот терен, како и парична казна од 5.000 евра. Останува да се види како ќе реагира ФФМ и дали ќе испрати јасна порака дека ваквите инциденти нема да бидат толерирани.

Фудбалот треба да биде спорт кој обединува, но вчерашниот натпревар во Тетово покажа дека навивачката култура во Македонија сè уште се соочува со сериозни предизвици.

Continue Reading

Спорт

Шкендија се огради од „околу 20 поединци“ за нечовечноста при минутата молк за жртвите во Кочани

Published

on

Веднаш по Фудбалската федерација на Македонија, која најави висока казна за скандалот пред денешниот натпревар со Брера во Тетово, се огласи и Шкендија, која за неиспочитуваната една минута молк за жртвите од трагедијата во Кочани обвини „околу 20 поединци“ и се огради од нив.

„Шкендија со целосна одговорност ги следи и ги почитува сите институционални одлуки поврзани со чувствителни моменти за општеството. Ние како клуб длабоко ја доживеавме трагедијата која се случи во Кочани, настан кој го потресе целиот народ и емотивно се одрази и во нашето секојдневие. Оваа голема тага беше присутна на секој наш тренинг во изминатите денови и се рефлектираше и на мечот против Брера, каде што и покрај победата од 2-1 и зачувувањето на првото место на табелата, тимот не прослави на вообичаен начин.

Шкендија ја испочитува минутата молк која беше определена од Фудбалската федерација на Македонија во чест на жртвите. Сепак, за време на овој момент, група поединци од трибините не ја почитуваа тишината, однесување кое не го претставува ниту клубот ниту навивачката група во целост. 

‘Балистите’, кои вообичаено се позиционирани на трибината ‘Маршин Беќири’ зад голот, овојпат беа сместени на централната трибина. На мечот присуствуваа околу 3.000-4.000 гледачи, а само група од околу 20 поединци покажаа неодговорно однесување кое не ги одразува чувствата, солидарноста и почитта на поголемиот број од присутните навивачи.

‘Балистите’ се нашиот 12. играч и отсекогаш биле нераскинлив дел од Шкендија, но ова неодговорно однесување од мала група поединци не го претставува ставот на навивачката група која во овој момент е во процес на реорганицација, ниту на останатите членови кои во тој момент реагираа со свирежи како знак на незадоволство кон тие што пееја.

Шкендија изразува жалење за оваа ситуација и повторно го истакнува својот цврст став на почит кон загубените животи и болката низ која поминува целото општество“, се вели во соопштението на клубот од Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк