Муцунски: Џастин Трудо ми помогна прв пат да влезам во дискотека како средношколец (Видео)

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски средното образование го завршил во Канада. Оттаму носи убави спомени, но и трајни пријателства со луѓе кои живеат и работат денес во целиот свет. Утрово во емисијата „Мазагин“ на ТВ Сител тој зборуваше за школувањето во Канада, семејството, обврските како татко и сопруг, за другарството.

Во класот со мене учеше сестрата на Џастин Трудо, Елиша. Целата генерација во тоа училиште се дружевме, не бевме многу деца, а првпат кој не внесе во дискотека беше токму Трудо. Тој работеше како заменски професор по училишта и како менаџер на кафулиења и клубови во Отава. Ете, така, преку него првпат влеговме во дискотека, се сеќава Муцунски.

Тој се сеќава на канадскиот премиер како на харизматичен млад човек, кој уште во тоа време имал способност да ги врзува луѓето околу себе.

Уште тогаш беше јасно што ќе стане, вели Муцунски.

Тој вели дека сеуште комуницира со Џастин Трудо, но и со дел од неговата генерација.