Connect with us

Македонија

Ова се 7-те лица ПРЕЖИВЕАНИ од трагичната несреќа во Бугарија

Published

on

Извори на Алсат во софиската болница сугерираат дека овие се 7-те лица кои ја преживеаја трагедијата во Бугарија, во која што животот го загубија уште 45 лица.

Овие лица веќе се на лекарска помош, додека се дознава дека сите се надвор од животна опасност.

Список на лицата:

Ш. Н.Салех 36 години

Медина Лутфи 25 години

Лулзим Сулејмани 26 годишен – државјанин на Србија

Ѓила Јашаровска 49 години

Минир Јашаровски 50 години

Ебиб Пајазитовски 49 години

Зулехја Јашаровска 16 год

Македонија

Голема акција во моментов во Аеродром – специјалци апсат членови на групата на Штекли

Published

on

Како што дознава 24инфо, во моментов на територијата на Аеродром на повеќе локации специјалци спроведуваат акција во која се апсат членови од групата на Раде Трајковски, попознат како Штекли.

Инаку, попладнево во близина на хотел во Гевгелија, Штекли е уапсен, поради сомничење за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. Штекли на јавноста и е познат по пресметките со нарко картелите.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Полицаец зел 50 евра поткуп за побрзо вадење на пасош: „Знаете дека ние не се трудиме џабе” – и’ рекол на оштетената

Published

on

Eдиниците на МВР во текот на вчерашниот ден приведоа полициски службеник осомничен дека примил поткуп од 50 евра.

Според информаците од Обвинителството, вработениот во Отсекот за странци и реадмисија, на 16 јануари во службените простории ја повикал оштетената која ја изгубила патната исправа и требало да извади нова. Притоа без да изврши проверки за претходно изгубениот пријавен пасош и да ги запази работните процедури ѝ дал уплатница за да уплати за издавање на нова. Откако го уплатила износот, оштетената се вратила во просториите на Одделот за управни работи и на осомничениот му ја предала уплатницата.

Откако го прашала за временскиот рок на постапката за издавање, полицаецот одговорил дека се чека од 6-12 месеци, на што жената негодувала, а осомничениот со гестикулации протривајќи ги прстите ѝ покажал дека треба да плати 50 евра за услугата велејќи „Знаете дека ние не се трудиме џабе”.

„Оштетената кажала дека нема пари во себе и ако не е проблем да ја почека да земе, а ако не стаса во текот на денот, да му ги предаде наредниот ден, на што осомничениот се согласил и рекол дека ќе ја чека за да ја заврши работата. По излегување од зградата, оштетената свесна дека тоа што осомничениот ѝ побарал пари без да ги уплати на сметка за побрзо да ја добие патната исправа е кривично дело, случајот го пријавила во полициска станица. Во текот на вчерашниот ден му ја предала кримтехнички обработената банкнота на осомничениот која беше пронајдена при претресот“, информираа од Обвинителството.

Предметниот јавен обвинител донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот, а на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи со решение на осомничениот да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Кекеновски: За неполн месец пуштени во сообраќај три делници, има разлика нели

Published

on

Професорот Јове Кекеновски на социјалните мрежи пишува дека тоа што ќе се вети мора да се реализира, а последните настани покажуваат дека има разлика.

-За неполн месец пуштени во сообраќај три делници.
1. Експресен пат Страцин – Крива Паланка во должина од 25,5 км
2. Експресен пат Градско – Дреново во должина од 15,5 км
3. Железничка пруга Куманово-Бељаковце е со должина од 30,8 километри (коридор 8 источна делница), пишува Кекеновски на Фејсбук.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк