Се огласија Сузана Турунџиева и Атиџе: Телефонот ми ѕвонеше на секој 2,3 секунди, ние сме добри (ФОТО)

Taжно, многу тажно утро за Македонија.

Најмалку 45 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ кога се враќале од Турција.

Автобусот сношти нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Македонската пејачка, ТВ водителка, писателка, Сузана Турунџиева и хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова изминатите денови беа во Турција и често објавуваа фотографии од Истанбул како си поминуваат во градот на Босфорот.

По веста за кобната несреќа на македонскиот автобусот во Бугарија кој се враќал од Истанбул, најблиските и јавноста беа загрижени за нив. Нашата редакција ја контактираше Сузана, која во порака за Вистина.ком.мк откри дека таа и Атиџе се добро.

„Добро сме фала Богу. Благодарам за грижата“, ни одговори Турунџиева.