Connect with us

Македонија

(Видео) Тpаорно сведоштво: Двете нозе и биле ckpшени, свршеникот успеал да ја извлече преку ckpшеното стакло

Published

on

Млад пар е и преживеаните во трагедијата во Бугарија. Станува збор за Лулзим од Прешево и неговата свршеница Медина од Сопот во Куманово.

Алсат објави видео од парот во болничка соба.

Тие велат дека биле на претпоследното седиште. За среќа Лулзим бил буден и свесен во моментот на несреќата гледајќи се со свои очи. Тој вели дека откако избувнал пожарот во автобусот, успеал да го скрши страничното стакло на автобусот, со што ја испружил раката и ја повлекол со себе својата свршеница која не можела да оди откако и ги скршила нозете.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Македонија

Посебен режим во Скопје: Овие улици ќе бидат затворени попладне во Скопје!

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, потоа по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Македонија

Масовна истрага за пожарот во Кочани: Ангажирани 11 обвинители, распит на 300 сведоци

Published

on

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, утринава одржа координативен состанок со тимот кој го води истражувањето, при што побара детална и ефикасна истрага за да се расветлат сите аспекти на случајот.

Истрагата за трагичниот пожар во Кочани се проширува со ангажман на вкупно 11 јавни обвинители, кои активно работат на утврдување на причините и можната одговорност за несреќата, информираат од Основното јавно обвинителство.

Според планот на активностите, обвинителството најави распит на повеќе од 300 сведоци, како и изведување на соодветни вештачења од различни области.

„Јавните обвинители преземаат активности за обезбедување докази на терен, а фокусот е на темелно истражување на сите можни правци на одговорност“, соопштија од обвинителството.

Тимот на истражители ќе продолжи со собирање материјални докази во Кочани, со цел да се добие целосна слика за настанот што го потресе целото општество.

Continue Reading

Македонија

“Дрифтање” на кружен, додека седат на вратите: Дивеење со автомобил во Пробиштип (ВИДЕО)

Published

on

Телевизијата МНет објави видео од дивеење со автомобил на кружен тек во Пробиштип.

На снимката се гледаат неколку лица во автомобилот, а дел од нив седат на вратите, додека автомобилот “дрифта” околу кружниот тек во Пробиштип.

Дали возачите размислуваат за последиците од нивните непромислени акции?

Погледнете го видеото:

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк