Дуковски: На Балканот скоро секаде може да ги поминете границите со мито

Јовица Дуковски од Македонско здружение за превоз на патници утринава во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија откри дека преминувањето граници без соодветни документи се практикува со години.

-За жал тоа е јавна тајна на Балканот скоро секаде може да поминете со мито кај цариниците.Еве еден пример да тргнете на патување во Црна Гора поминувате три граници и општо познато е дека доколку ставите во пасошот 5 или 10 евра на цариникот вие непречено ќе ја поминете границата, без чекање.Ова е систем кој функционира повеќе години , вели Дуковски.