ИЗГОРЕ ЛОВЕЧКАТА КУЌА НА ПЕЛИСТЕР (ФОТО)

Денеска изгоре Ловечката куќа на Пелистер и тоа е вториот објект што изгоре после големиот пожар во 2013 година во кој изгоре планинарскиот дом Копанки.

Објектот се наоѓа на 1950 метри надморска височина, на патот што води до Антена.

Овој објект порано го користеле вработените во МРТВ, а подоцна со него се служеле планинарите.

Таму наводно за време на викендот во објектот престојувале луѓе, сепак се уште нема точни информации од што настанал пожарот.