Connect with us

Македонија

Поранешен хармоникаш на чело на РЕК Битола

Published

on

Пеце Матевски, хармоникаш и досегашен директор на Термоелектрана е назначен за в.д. директор на РЕК Битола, откако беше разрешен досегашниот директор Златко Ќурчиевски.

Според ЕСМ, ќе следат и други кадровски промени во комбинатите, за да се подобри производството.

Инаку, Матевски е познат во јавноста како хармоникаш, кој своевремено настапуваше со групата Бон – Тон, а пак пред неколку години беше дел од Три Бенд, со кој имаше редовни гостувања во ресторани, но и на свадбени веселби.

На неговиот профил на социјалните мрежи се актуелни фотографии и видео снимки од настани на кои гостувал со бендовите, но исто така актуелна е и објавата дека пред четири години магистрирал на тема -Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи.(ФОКУС)

Македонија

Коњановски: Инвестираме во подобро водоснабдување за граѓаните

Published

on

Наскоро започнува реконструкцијата на водоводната линија Битола – село Поешево – село Логоварди, проект од големо значење за жителите на овие населени места.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со тимот од одделението за економски развој, денес одржа работна средба со раководството на ЈКП „Водовод“ и стручните лица од претпријатието, каде што се разгледа динамиката за реализација на проектот.

Проектот опфаќа реконструкција на водоводната линија во должина од 6 километри, вклучувајќи замена на старите азбестно-цементни цевки со нови полиетиленски HDPE цевки и куќни приклучоци. Вкупната вредност на проектот изнесува 29.349.605 денари, обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Директорот на ЈКП „Водовод“, Андреј Гинов, најави дека работите на терен ќе започнат веднаш по подобрувањето на временските услови, а почетната точка ќе биде улица „Бурса“ („Индустриски пат“).

„Со овој проект, значително ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите во оваа област,“ изјави Коњановски, најавувајќи и други значајни проекти кои ќе се реализираат во соработка со ЈКП „Водовод“ во текот на годината.

Continue Reading

Македонија

ФФМ организираше семинар за медицински лица на тема – Ургентни состојби и траума во фудбалот

Published

on

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“.

Настанот го проследија тимските доктори и физиотерапевти од националните репрезентации, како и клупските доктори и физиотерапевти од Прва и Втора МФЛ и од Прва ЖФЛ.

Организирана од Секторот за медицина и антидопинг и поддржана од УЕФА, медицинската работилница се одржа на 25. и 26. јануари 2025 година во хотел „Хилтон“ и истата имаше за цел да им ги презентира на тимските и клупските лекари и физиотерапевти најновите знаења и техники поврзани со ургентните медицински состојби во фудбалот.

Утринските сесии беа посветени на суштински теми и понудија теоретско знаење кое му е неопходно на секое медицинско лице за да биде добро подготвено да се справи со низа критични ситуации, вклучително и формулирање на акциони планови за итни случаи, спроведување на првични проценки на повредени играчи, решавање на инциденти со ненадеен срцев удар на теренот и практични демонстрации на процедури за итни случаи на теренот.

Предавањата од областа на трауматологијата ги држеа д-р Михајло Ивановски, д-р Александар Милески и д-р Небојша Настов, додека обуката за основно и напредно животно одржување и раната реанимација и брзата дефибрилација ја држеа д-р Азби Агуши и д-р Игор Неделковски. Брифинг за итни случаи на теренот даде и д-р Невзат Јонузи.

https://youtu.be/IqUlDEp_rFs?feature=shared

Continue Reading

Македонија

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Published

on

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг нагласи дека се бараат законски можности во консултација со експерти и институции да се направат законски измени и реформа во правосудството кое што, како рече, ќе биде квалитетно.

– Прво да констатираме дека темата е покомплексна и сакаме долгорочно да биде решен проблемот. Во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде одржливо и ќе биде долгорочно решение. Не сакам да дадам мое мислење во моментов, но сакам да ги испочитуваме сите институции, да дојдеме до заедничко мислење, па потоа да пристапиме со заеднички став да го решиме проблемот, рече тој.

На новинарско прашање дали се потребни промени во Судскиот совет, Гаши нагласи дека веќе на сите им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството.

– Мислам дека тоа е веќе јасно. На сите граѓани им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството. Само треба да внимаваме тие да бидат содржајни и реформи кои одат кон подобро, затоа што неколку пати сме пробале избрзувајќи не сме донеле решенија кои се одржливи и подолгорочни. Затоа, овојпат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков, рече Гаши.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк