Роднина на повредените лица: Докторите ни кажуваат дека се добро, но не можеме да ги видиме

Али Селмани, кој дошол во болницата во Бугарија поради неговиот шура кој е еден од повредените во страшната несреќа, денеска во изјава за медиумите истакна дека не им е дозволено да ги посетат.

„Дојдовме поддршка да им дадеме на преживеаните, од вчера сме тука, но ги нема… Немаме увид, не можеме да ги видиме. Ни кажуваат докторите дека тие се добро, во траума се, но вака не ги имаме видено“, вели тој.

Тој додава дека 7 роднини имал во автобусот, 3 од нив загинале, додека 4 лица се повредени.

YouTube video player

Меѓу роднини има и такви кои дошле пред болницата незнаејќи дали нивните блиски се на списокот од болницата. Тие велат дека сеуште никој не им има официјално кажано дека нивните блиски се починати, дека го прочитале само списокот на патници.