Connect with us

Скопје

Траорна слика пред ОУ „Исмаил Ќемали“ – последна почит за пет деца кои учеле во училиштето

Шок, тага и неверување во основното училиште “Исмаил Ќемаили” ден по трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 5 ученици од ова училиште во скопски Чаир. 

2890Објавил:Михаил Милошевски
24 ноември 2021, 15:06СподелиСподели

Ја нема вообичаената раздвиженост и детскиот џагор во школскиот двор, наместо тоа само неколку цвеќиња кои симболично искажуваат почит за трагично загинатите.

Од рано утринава пријатели на загинатите ученици оставаат свежо цвеќе пред дворот на училиштето во знак на сеќавање на трагично загинатите деца во несреќата во Бугарија.

Наставниците низ солзи раскажуваат за емотивниот шок кој завладеа во училиштето. Велат жртвите се од исто семејство, две од нив биле во 9то оделение, едно 8-мо, едно- 6то и најмладата жртва била само второ одделение.

-Моменталната ситуација е никаква да ви кажам право. Нашите деца се емотивни, емоционални…плачат. Сите се во училиште но со настава малку имаме проблем. Држиме настава но не тоа што треба да се држи туку им зборуваме на децата како да ја поминеме оваа трагедија.-Метуш Мемети- наставник во Исмаил Ќемаили.

Со едноминутно молчење во знак на загинатите започна и вонредната седница на Советот на општина Чаир. Единствени точки на дневниот ред беа пренаменување на финансиски средства кои општината ги одвои за прослава на Новата Година.. Наместо за новогодишни украси, овие пари ќе се одвојат за помош за семејствата на загинатите.

-Ја споделуваме болката со нив. 16 од починатите официјално се жители на Чаир. Ние како општина сметаме дека треба да им помогнеме на овие семејства со што ќе ги пренасочиме средствата кои се предвидени за украсување на нашата општина за празниците и овие средства ќе им бидат доделени на семејствата на загинатите во трагичната несреќа во Бугарија,изјави Висар Ганиу – градоначалник на Чаир .

Во несреќата загинаа 45 патници, од кои 12 деца.. Освен од Чаир, голем број на загинати се од скопско Студеничани..

Скопје

„Зелен хуман град“ бара забрана за огномети во Скопје: Токсичните честички и бучавата сериозно го загрозуваат здравјето и безбедноста на луѓето и животните

skopje

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ предлага забрана за употреба на огномети во Скопје, потенцирајќи дека традиционалните прослави и забави со експлозивни материи со децении го загрозуваат здравјето на луѓето, животната средина и безбедноста на животните.

„Огнометите ослободуваат големи количини ПМ 2,5 и ПМ 10 честички, токсични гасови како CO, SO₂, NOx, како и тешки метали – бариум, бакар, стронциум и олово. Овие супстанции загадуваат воздух, вода и почва, а најранливите групи, како деца, бремени жени и лица со хронични респираторни или кардиоваскуларни заболувања, се директно погодени“, велат од иницијативата.

Тие предупредуваат дека огнометите предизвикуваат и сериозни психолошки реакции кај луѓето: анксиозност, панични напади, флешбекови кај лица со посттрауматски стрес, сензорни колапси кај луѓе со аутизам, како и ризик од епилептични напади кај лица со фотосензитивна епилепсија.

Последиците врз животните се исто така драматични. „Околу 70–75% од домашните миленици доживуваат силен страв, тресење, паника, обиди за бегство и повреди. Кај дивите животни се забележани масовни повреди, особено кај птиците, како и висок стрес, дезориентација и смрт“, додаваат од „Зелен хуман град“.

Иницијативата потсетува дека Законот за заштита од експлозивните материи веќе предвидува забрана за употреба на огномети без дозвола и стручно лице, но законот ретко се почитува на терен.

„Ги повикуваме сите советнички групи во Советот на Град Скопје да ја поддржат оваа иницијатива и да покажат дека здравјето на луѓето и животните, особено на најранливите жители на Скопје, е приоритет“, заклучуваат од „Зелен хуман град“.

Continue Reading

Скопје

Виртуелно патување низ Кисела Вода – првата скопска општина со дигитална прошетка

Општина Кисела Вода влегува во новата дигитална ера, поставувајќи нов стандард за локална самоуправа.! Со лансирањето на спектакуларниот 360° виртуелен проект, наречен „Општина Кисела Вода НА ДЛАНКА – 360°“, таа стана првата скопска општина која доби ваква целосна, реална и интерактивна презентација.

Овој модерен дигитален потфат ја трансформира општината во достапен виртуелен простор. Граѓаните, учениците, но и сите посетители и туристи, сега имаат уникатна можност виртуелно да „прошетаат“ низ Кисела Вода, истражувајќи ги нејзините најзначајни точки – од образовни и културни центри, до спортски терени и духовни локации.

Со над 500 панорами снимени и од воздух и од земја, поврзани во беспрекорна интерактивна прошетка, корисниците добиваат реалистично искуство, комплетирано со сите релевантни информации за секоја локација.

Од Општината истакнуваат дека оваа иновативна алатка има далекусежни последици.

Проектот претставува едукативен пресврт. Учениците сега можат да ја користат виртуелната прошетка за полесно разбирање на содржините по историја, географија и други предмети – учењето никогаш не било поинтерактивно.

Од туристички аспект, „Кисела Вода НА ДЛАНКА“ е моќна промотивна алатка. Потенцијалните посетители сега можат однапред да ја истражат целосната понуда на општината, што создава силен потенцијал за привлекување нови туристи.

Со овој проект, Кисела Вода ја докажува својата посветеност кон иновациите и транспарентноста, ставајќи го секое ќоше од општината буквално во рацете на своите жители и гости.

Видеото може да го погледнете на: Facebook

Continue Reading

Скопје

Дел од Сарај и високата зона во Ѓорче Петров денес без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска е регистриран прекин во водоснабдувањето за повеќе населени места.

Прекинот е предизвикан од дефект на затворач со пречник Ф-350 мм на улица 20 во населбата Сарај. Прекинот ќе трае од 07:30 часот до целосно санирање на дефектот.

Без вода ќе останат корисниците од следниве населени места во Општина Сарај: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и Сарај

Исто така, прекинот ги зафаќа и високите зони, односно повисоките катови на зградите во населбата Ѓорче Петров.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг