Connect with us

Македонија

ВОЗАЧОТ НЕ ЗАСПАЛ, имало траги од кочење уште пред првиот удар?! Еве што велат бугарските експерти

Published

on

Истрагата е во тек и полека се склопува моаикот кој треба да ја даде конечната слика како вчера дојде до тешката автобуска несреќа на магистралниот пат „Струма“ пред градот Перник во Бугарија во која настрадаа 45 патници. Последната информација која ја соопштија бугарските експерти за сообраќај е дека возачот не заспал на воланот, поточно дека бил буден кога дошло до несреќата и оти кочел уште пред првиот пат да удри во банкината.

„На двапати има траги на кочење. Првиот е малку пред автобусот да удри во банкината и вториот пат кратко пред да удри во втората банкина. Информацијата која ја добивме е дека возачот на автобусот не заспал. Малку пред местото на несреќата се извршува реконструкција на патот каде што се преминува од едната лента во другата и каде што се стеснува патот. Значи, ако тој заспивал поголема е веројатноста несреќата да се случила таму“ – вели автомобилскиот истражител Румен Дунев.

Дека возачот не заспал потврда стигна и бугарската Извршна агенција „Автомобилска управа“, чиј прв човек за бугарските медиуми меѓу другото информираше дека автбусот кој ја поминал турско-бугарската граница во 21.15 часот, растојанието од границата до местото на несреќата, од околу 320 киломтри, со се паузата, ја поминал за околу пет часа, што укажува дека тој возел со нормална брзина. Со истата брзина се движеле и другите три автобуси.

Македонија

Забрана за движење товарни возила на патот Тетово – Попова Шапкa

Published

on

Од АМСМ информираат дека од 11.55 часот воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец Дебар – Маврово.

Од 12.15 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Continue Reading

Македонија

ПОВТОРНО НАПАДНАРИ ПОЛИЦАЈЦИ, овој пат во Тетово

Published

on

Вчера во 21.45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.К.(41) од Тетово, кој бил
пријавен од неговата 36 – годишна сопруга дека претходно во семејниот дом физички ја нападнал и оштетил дел о покуќнината.

Исто така, тој агресивно се однесувал и ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со настанот, соопшти СВР Тетово. 

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот
против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Сме имале Агенцијата за нуклеарна технологија, а никој не чул за неа

Published

on

Во Македонија уште од 2010 година постои Агенцијата за нуклеарна технологија за која ретко кој слушнал. Две комисии во Собранието дале зелено светло истата да биде укината, а со неа и законот за формирање национална агенција за нуклеарна технологија. Овој закон беше одобрен во 2010 година на предлог на тогашното Министерство за образование, предводено од министерот Никола Тодоров. Но, оваа Агенција од своето формирање никогаш немала вработени.

Целта на тогашното формирање на оваа агенција беше развој на технологии и истражувања од областа на нуклеарната физика, физиката на елементарните честички и други истражувања од областа на нуклеарната наука. Било предвидено Агенцијата да учествува во научните програми на Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН, да развива апликации за индустријата, медицината, енергијата и нуклеарната технологија.

Секоја година за оваа агенција се издвојуваат средства од државниот буџет, но последен пат оваа Агенција потрошила средства во 2014 година. Претходно на сметката на Агенцијата се уплаќале трошоци за патување во странство, но нема информации кој од таа сметка отпатувал во странство. Пари се одвојувале само за хонорарите на членовите на управниот одбор и за академик од МАНУ.

Оваа агенција финансиски е активна само две години. Во првите пет години од формирањето на Агенцијата, според буџетските планови на располагање беа речиси 400 илјади евра. Канцелариите на Агенцијата до пред три месеци беа во зградата „Една точка за услуги“, до Уставниот суд. Последните пари што ги потрошиле биле 2,5 илјади евра за теписи во мај 2014 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк