Connect with us

Македонија

Да се забрани автобуски превоз на деца преку ноќ? Јовески: Има аргументи за, има и против

Published

on

Во добар дел од земјите во ЕУ е забранет автобуски превоз на деца преку ноќ, односно од 22 часот па се до раните утрински часови.

Дали оваа сообраќајна незгода ќе придонесе и за менување на некои закони и прописи и кај нас и во соседството, за да се спречат вакви трагедии? Ова го прашавме јавниот обвинител Љубомир Јовески кој вечерва гостуваше во студиото на ТВ21 во ClickPlus.

„Секако дека од оваа трагедија мораме да извлечеме поуки и да донесеме некои нови закони. Но, ние не ги носиме законите, туку ги спроведуваме. Секако дека ако има иницијатива, може да се разгледа и тоа да нема автобуски превоз на деца преку ноќ. Има многу аргументи за, но има и против. Што би значело превоз на деца? Дали во тој случај нема да смеат да се превезуваат и нивните родители? Значи мора тоа детално да се разгледа“, објасни Јовески.

Македонија

После дискотеките, почнете и со проверка на зградите за колективно домување, препорачува Андоновски

Published

on

Јован Андоновски, поранешниот заменик на народниот правобранител, алармира дека по дискотеките и локалите за ноќна забава, трева да се изврши акција за проверка на бесбедноста на зградите за колективно домување. Тој овој став го сподели на својто фејсбук профил.

– После дискотеките, почнете и со проверка на зградите за колективно домување. Хидранти има или нема, црева за гасење пожар, излез за евакуација, светлосна сигнализација во случај на непогода, доградби и дивоградби на заеднички простории, вклучително и на надворешни (резервни) скали, скривници запуштени со децении. Како може во згради да има кафетерии, ресторани, игротеки за деца и што ли уште не во импровизирани простории? Проверете ги и училиштата и градинките. Дали имаат противпожарни апарати и хидранти, дали се во исправна состојба, дали воопшто некој знае да ракува со нив, порача тој.

Дејствувајте пред да биде доцна, алармира Андоновски.

Continue Reading

Македонија

Полицијата почна да одзема возила

Published

on

На 18.03.2025 во 10.10 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Петровец, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „Мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(47) од Скопје, а сопственост на правно лице.

Притоа, бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10 од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

ЛДП: Строги контроли не само во локалите, туку и во детските градинки, училиштата и другите големи објекти

Published

on

Не може да се најдат вистинските зборови со кои ќе се опишат траорот и тагата од трагедијата која се случи во Кочани и нашите мисли и молитви во овие тешки моменти се со семејствата и најблиските на погодените во оваа несреќна катастрофа. Додека не е повторно предоцна, како партија бараме зголемување на степенот на безбедност во повеќе места, велат во соопштението од Либерално-демократска партија.

Строга и итна контрола во детските градинки, основни и средни училишта, но и факултети дали и тие ги почитуваат стандардите за безбедност, како и во колективните станбени и во сите останати објекти, каде вообичаено има голема концентрација и фреквенција на луѓе. Секој од овие објекти мора да има задолжителна опрема за противпожарна/хидрантна заштита, оспособени и јасно означени повеќе излези за итни ситуации, контрола на капацитетите за прием на луѓе во една просторија, како и редовни обуки на вработените, скалите и ходниците за евакуација мора да бидат чисти и слободни, а секој објект да мора да има на јавно и видливо место истакнат План за евакуација и да се утврди дали се почитуваат стандардите за безбедност воопшто, велат.

Најголем дел од младината во Македонија, посочуваат, посетува настава во стари, дотраени и често оштетени објекти, кои дури и при најмалата незгода, може лесно да се претворат во стапици за сите кои во моментот ќе се најдат во нив.

Воедно, апелираме на хумано планирање на инфраструктурата, со цел улиците да се секогаш чисти и слободни за проток на противпожарни, полициски и амбулантни возила. ЛДП апелира до општините да ги стават во функција своите капацитети и согласно своите законски надлежности, да излезат на терен и да постапуваат секаде каде што ќе се воочат недостатоци, без оглед на партиската припадност на сопствениците и функционерите. Корупцијата, профитот и алчноста од минатото, денес го земаа данокот со десетиците жртви во Кочани, една од најстрашните трагедии кои ја погодиле Македонија.

Овој трагичен период кој ја зави во црно целата земја, потенцираат, нека биде вечен потсетник и последен пат кога сите ние ќе се соочиме со трагедија од ваков тип и големина.

Да покажеме сите заедно дека како општество од оваа трагедија ја научивме лекцијата, да делуваме и да не дозволиме вакво нешто никогаш повеќе да се повтори, додаваат од ЛДП.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк