Connect with us

Балкан

Вучиќ обезбедил непокачување на цената за гасот од Русија, Србија заштедила 300 милиони евра

Published

on

Ниската цена на гасот од друга страна со себе носи и „аранжман“ кој ѝ е важен на Москва во ситуација кога се соочува со санкции од ЕУ и САД, а тоа е дека Србија ќе продолжи да купува руски делови за вооружување

Србија во наредните шест месеци ќе продолжи да го плаќа гасот по цена од 270 долари за 1 000 метри кубни и покрај скокот на цената на овој енергенс на берзата.

Ваквиот договор е постигнат на денешната средба во Сочи помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Русија, Владимир Путин. Тие разговарале 90 минути, а по состанокот Вучиќ наведе дека успеале да заштедат пари како за изградба на еден национален стадион.

„Успеавме во наредните шест месеци да добиваме гас по цена од 270 долари што значи дека цената останува иста. Добивме и зголемени количини на гас во тие шест месеци. Успеавме да заштедиме повеќе од 300 милиони евра благодарение на пријателството на Путин, заштедивме како за национален стадион“,

изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Ниската цена на гасот од друга страна, како што пренесува Н1 ТВ, со себе носи и „аранжман“ кој ѝ е важен на Москва во ситуација кога се соочува со санкции од ЕУ и САД, а тоа е дека Србија ќе продолжи да купува руски делови за вооружување. Станува збор, како што изјавил Вучиќ, не за купување на тактички делови за вооружување, а не на стратешки.

Балкан

“Ја направив најголемата грешка во животот” – Вучиќ откри за што најмногу се кае

Published

on

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека донел одлука за помилување на 12 лица и дека тоа е најголемата грешка што ја направил откако станал претседател, пренесуваат српските медиуми.

Тој објаснил дека оваа одлука ја донел неодамна како одговор на третото барање на студентите.

„Направив нешто за што горко се каам и ќе се каам цел живот. Во изминатите осум години, додека сум претседател, не сум донел одлука да помилувам ниту едно лице. Но, сега донесов одлука да помилувам дванаесет лица и да спречам кривично гонење. И ова е најголемата грешка што ја направив откако станав претседател“, изјавил Вучиќ.

Continue Reading

Балкан

Полицијата во Белград на нозе: Се бара лице кое на Инстаграм објавило слика од Калашников и порака за денешниот протест (ФОТО)

Published

on

Поради објава на фотографија на социјалната мрежа „Instagram“ која прикажува автоматска пушка и муниција, со пораката „подготовки за утре“, Високото јавно обвинителство во Белград – Специјализирано одделение за борба против високотехнолошки криминал издаде наредба до полицијата да го идентификува лице кое ја објавило оваа слика.

Главниот јавен обвинител ВЈО во Белград, Ненад Стефановиќ, прецизираше дека наредбата е дадена со цел процесуирање на лицето заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривични дела Напад на уставно уредување од член 308. и Повик на насилна промена на уставното уредување од член 309. на Кривичниот законик.

Стефановиќ напомена дека ВЈО внимателно ја следи ситуацијата во главниот град пред денешниот протест и повтори апел до сите граѓани да го искористат своето право на мирно собирање согласно Уставот и законите.

Понатаму, тој уште еднаш истакна дека насилство нема да биде толерирано и дека сите кои ќе се послужат со насилство ќе бидат процесуирани согласно со законите, било да се работи за напади на учесниците на мирните протести, било пак за насилство кон други лица, припадници на полицијата или претставници на државни органи.

Continue Reading

Балкан

Лудница во Белград: Апсења и инциденти, еден од демонстрантите ги соблекол панталоните и им го покажал половиот орган на студентите (ВИДЕО)

Published

on

Постар маж беше уапсен пред Народното собрание на Србија, откако им се заканил на обезбедувањето на студентскиот протест, кој треба да започне во 16 часот.

Мажот им се приближил на стражарите и им се заканил дека ќе фрли бомби по нив, по што бил приведен.

Граѓани од цел Белград пристигнуваат за да учествуваат на најголемиот собир на студентите досега.

Студентите и други граѓани во Србија веќе со месеци протестираат против владејачкиот режим, наводно барајќи исполнување на четири основни барања, но повеќе се фокусирани на смена на власта.

Протестите започнаа по трагедијата која се случи во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога се урна настрешница зад Железничката станица, убивајќи 15 луѓе. Дел од семејствата на загинатите побараа од студентите и опозицијата да не протестираат во нивно име, чувствувајќи се злоупотребени.

Во исто време, еден од демонстрантите се качи на трактор пред Пионерскиот парк, ги соблече пантолоните и ги провоцираше студентите кои сакале да учат.

Погледнете ги видеата 1 / 2

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк