Отпуштени ДВАЈЦА од повредените во трагедијата, медицински тимови ги пренесуваат во Македонија

Двајца од настраданите во големата трагедија на автопатот Струма во Бугарија денеска беа отпуштени од болницата Пирогов.

Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија ги предаде пациентите на медицински тимови од Македонија, пишува БГНЕС.

Отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат сместени на опсервација во медицинските установи во нивната татковина, изјави д-р Викторова.

Останатите 4 жртви од истиот инцидент се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.