Претседателот Стево Пендаровски денеска престојуваше во посета на Штип во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот”.
Претседателот Пендаровски ја посети касарната „Јане Сандански” каде присуствуваше на презентација на показна вежба: Tактики, техники и процедури на движење на пешадиско одделение во населено место, изведена од 3. вод на 1. пешадиска чета под команда на поручник Неда Волчева.
Во Касарната, претседателот Пендаровски имаше можност да поразговара и со претпоставените старешини коишто го информираа за условите за работа на припадниците на Армијата и нивните тековни активности. На средбата, на која присуствуваа и командирите на одделенија од единицата на армијата на САД за советување и поддршка во обуката на нашата НАТО декларирана единица, стана збор и за нејзиното оценување кое треба да се случи во месец април 2022 година.
Претседателот Пендаровски поразговара и со поручник Неда Волчева, командир на 3. вод на 1. пешадиска чета. Говорејќи за нејзините професионални ангажмани и одговорности, како и за предизвиците како жена, Волчева истакна дека преку својот личен пример докажува дека и жените се подеднакво подготвени да бидат дел од Армијата.
За време на посетата на касарната „Јане Сандански” во Штип, претседателот Пендаровски беше придружуван од Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Претседателот Пендаровски, во рамки на посетата на Штип го посети и подрачното одделение на Државниот архив на Република Северна Македонија, кое има надлежност врз повеќе општини од тој регион. Вработените го запознаа Претседателот за содржината на материјалите во ова одделение кое располага со 523 фонда и 22 збирки и притоа информираа дека најстарите документи датираат од 1895 година, а како главен дел, го посочија материјалот создаден по 1944 година.
Во депото на подрачното одделение во Штип, на претседателот Пендаровски му беа презентирани неколку оригинални документи меѓу кои беа две свидетелства потпишани од Гоце Делчев во училиштето во Ново Село – Штип, молба за упис на филозофски факултет на народниот херој Ванчо Прќе, првата радио вест за ослободување на Штип, диплома на првиот лекар-хирург во Штип, како и документи – тапии за имот од Османлискиот период.
Претседателот Пендаровски во спортската сала „Јордан Мијалков” – Штип, се сретна и со македонскиот каратист Емил Павлов, кој освои сребрен медал на светското првенство одржано во Дубаи. Честитајќи му го на Павлов извонредното постигнување, претседателот Пендаровски рече дека со посветеност и континуирано вложување, нема недостижни цели.
Емил Павлов е двократен европски првак, во Тампере, Финска – 2014 година и во Нови Сад, Србија – 2018 година. Државен првак во Македонија бил 11 пати.
Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, со појава на грмежи и засилен ветер. Локално ќе има краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, при што за кратко време може да наврне над 15 литри на квадратен метар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, со појава на грмежи и засилен ветер. Локално ќе има краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, при што за кратко време може да наврне над 15 литри на квадратен метар.
Најстудено ќе биде во Берово и во Маврово, со температура од 2 степени, а најтопло во Гевгелија, со температура до 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8 степени, а дневната ќе се искачи до 17.
Од понеделник продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Одделот за физикална терапија при Клиничка болница Штип почна да прима пациенти со тешки повреди од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Раководителот на одделот, Никола Костадинов, изјави дека сите 50 болнички легла се ставени во функција за рехабилитација на потешко повредените пациенти.
„Пациентите се со тешки изгореници, контрактури, фрактури и ампутации. Ќе спроведеме целосна рехабилитација, вклучително и вежби за дишење, кои се од клучно значење за закрепнување на пациентите со изгореници“, изјави Костадинов.
Во процесот на опоравување се користат хидротерапија, електро процедури и кинези терапија, а во третманот се вклучени специјалисти и обучени физиотерапевти. Доколку е потребно, ќе бидат ангажирани и лекари од други болници низ државата.
Штипската болница располага со базен со термална вода од изворот „Кежовица“, кој е меѓу најлековитите во Европа и се користи за третман на пациенти со фрактури.
Костадинов упати апел до пациентите со изгореници да не користат несоодветни мелеми и креми од нестручни лица, бидејќи несоодветниот третман може да доведе до сериозни последици. Тој потсети дека медицинската рехабилитација е регулирана здравствена дејност и мора да ја изведуваат само стручни медицински лица.