Connect with us

Македонија

Родителите реагираат: Снимката со „Жена од султана“ е извадена од контекст, имало музичка желботека во градинката

Со реакција се огласија родителите на повеќе деца од групата, кои велат дека снимката е извадена од контекст, бидејќи тој ден во градинката се играле и пееле секакви песни, затоа што била организирана музичка желботека.

„Навистина е жално петгодишни деца, со дел од снимка која не покажува содржина, каков што е насловот на видеото и како што е реакцијата од анонимниот родител, да бидат искористени за погрешни цели. На видеото се гледаат деца како играат, пеат и се забавуваат и тоа на вообичаен детски начин, адекватен на нивната возраст“, велат родителите во реакцијата.

Министерството за труд и социјална политика, по објавувањето на веста, одлучи да спроведе вонреден инспекциски надзор во градинката.

Миа Костова на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека снимката од градинка каде учителка на децата им ја пушта песната „Жена од султана“ е извадена од контекст.

„Добив повик од родител чие дете е дел од групата ‘жена од султана’ .

И сега, наместо новинарски некој да настапи како што треба, да ги слушне двете страни, да не биде субјективен како било кој од нас, учителката е сигурно на хелекси додека децата немаат поима што се случува, родителот што ја пласираше снимката смета дека направил добро дело а голем дел од родителите не се сложуваат со снимката или велат ‘извадена е од контекст’ и велат се работи за инзвонредена учителка која е омилена помеѓу децата но и родителите.

Имено, за време на слободни активности се игра игра во која секое дете одбира песна, а учителката му ја исполнува желбата со тоа што сите играат на музичката желба на детето. Во вибер група пристигнале многу снимки од убава музика и две три желби со турбо фолк содржина која сепак била желба на некое од децата. И дали ќе беше дискриминирачки да не се исполнеше желбата на детето на ‘султана’?

Од она мое малку искуство новинарско, сметам дека убаво е секогаш да има објективност во новинарството, во секоја вест и во сѐ она што го коментираме. Вклучувајќи ме и мене.

Не велам дека е исправно ама еве одлучете вие што би направиле на место на учителката?“, стои во објавата.

Македонија

Божиновска: Св. Климент Охридски е темелот на нашата духовност, писменост и водилка на нашето образование

По повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, министерката Божиновска упати честитка, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна, културна и образовна историја.

Во пораката, Божиновска потсетува дека го прославуваме творецот на прочуената Охридска книжевна школа, еден од најзначајните средновековни писатели, педагози и духовници, чие дело оставило длабок белег во развојот на словенската писменост.

„Свети Климент Охридски со својата неуморна просветителска работа, со своите дела и со својата посветеност стана заслужен не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет,“ истакнува министерката.

Таа додава дека наследството на Св. Климент и денес е темел врз кој се градат современото образование, духовност и културен идентитет, потсетувајќи дека неговата мисија продолжува да инспирира генерации ученици, наставници, научници и духовни водачи.

Министерката ја заврши честитката со порака за единство и напредок:

„Да го чуваме и надградуваме она што го создаде големиот просветител. Делото на Св. Климент нека нè води кон мудрост, знаење и човечност.“

Continue Reading

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг