Connect with us

Македонија

Уaпceни три лица за лaжни зakaни за тepopистички нaпaд во Скопје

Published

on

Три лица биле приведени поради објава на два видео-клипа на платформата „Тик Ток“ во кои има лажни закани за можен терористички напад на еден трговски центар во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Откако биле објавени видеата во акцијата се вклучиле повеќе сектори во МВР, како тој за борба против тероризам и секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, но и Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Трите лица, од кои двајца се татко и син, биле лоцирани, а од јавен обвинител е добиена насока да се направи претрес во нивните домови.

Едно од лицата е 26-годишно момче од селото Студеничани додека таткото и 22-годишниот син се од Скопје. Во домот на таткото и синот биле пронајдени уредите преку кои тие ги објавиле лажните видеа, а синот во разговор со полицијата признал дека тој ги изработил и објавил. Од МВР најавуваат дека ќе поднесат и кривични пријави против тројцата приведени.

Македонија

Вработен во УЈП заработи кривична пријава, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола

Published

on

Кривична пријава за вработен во УЈП, му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.О.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’. На 21.01.2025, пријавениот – вработен во регионалната дирекција на УЈП – Тетово, искористувајќи ја својата положба и овластување, го известувал менаџерот во казино во Тетово и оддавал службени информации за планираните контроли во казиното.

Continue Reading

Македонија

674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава, 252 за непрописно паркирање

Published

on

674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава, 252 за непрописно паркирање.

Во текот на вчерашните (25.03.2025) активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози.

Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците по основ на возење без возачка дозвола 41.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за неносење сигурносен појас, две мерки за возачи на мотоцикл поради неносење заштитна кацига, 20 санкции за користење мобилен телефон при возење, исклучени од сообраќај биле 12 нерегистрирани возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Continue Reading

Македонија

Стентон Градба донираше седишта за фудбалскиот стадион во Општина Новаци

Published

on

Општина Новаци доби значајно унапредување на својот фудбалски стадион благодарение на донацијата од градежната компанија Стентон Градба. Компанијата донираше 500 нови седишта за трибините, во вкупна вредност од 10.000 евра, со што значително се подобрија условите за спортските натпревари и настани во општината.

Поставувањето на новите седишта претставува дел од иницијативата за модернизација на спортската инфраструктура во регионот, а локалните власти изразија благодарност за поддршката што ја добија од приватниот сектор.

Компанијата Стентон Градба ја истакна својата заложба за поддршка на локалните заедници и спортот, најавувајќи дека и во иднина ќе продолжи со вакви хумани и развојни иницијативи.

„За нас е чест и привилегија да дадеме свој придонес кон унапредување на спортските капацитети во Општина Новаци. Вложувањето во спортот значи вложување во иднината на младите генерации, а нашата компанија секогаш ќе биде поддржувач на вакви проекти“, изјавија од менаџментот на Стентон Градба.

Со оваа инвестиција, спортските ентузијасти во Општина Новаци добија подобрени услови за следење на натпреварите, што дополнително ќе придонесе за развојот и популаризацијата на фудбалот во регионот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк