„Јас се вакцинирам, ти кркаш 30 денари“: Др Лазаров вели дека мерката на Владата е бесцелна

Комисијата за заштита на населението од заразни болести до Владата предложи нова мерка за зголемување на вакциналниот опфат во државата, на начин што секој матичен лекар кој ќе постигне во својата ординација 70 проценти од пациентите да му бидат вакцинирани против ковид, да добие бонус од 30 денари по пациент.

За матичен лекар со 3 илјади пациенти, бонусот би бил над илјада евра, пренесува Слободен печат.

Нема сила којашто може да го разубеди пациентот што не сака да се вакцинира, да го стори тоа, вели за „Слободен печат“ матичниот лекар и претседател на Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти, доктор Ненад Лазаров.

Досега во неговата ординација вакцинирани против ковид се нешто над 40 проценти од прикрепените пациенти, а со сите други што се обидел да разговара, формално или неформално надвор од ординацијата, не сакаат ни да слушнат за тоа.

„Ниеден пациент не сум разубедил, а сум настапувал аргументирано. Ако не сака, не сака.

Повеќе