Главниот шведски државен епидемиолог, Андерс Тегнел, вели дека Шведска нема намера да ја промени својата актуелна стратегија за справување со пандемијата поради појавата на сојот омикрон, пренесува „Локал Шведска“.
Сè уште е истата болест. Имаме причина да веруваме дека мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни и против овој вид – изјави Тегнел, додавајќи дека сè уште има сомнежи и загрижености за тоа колку ефикасни ќе бидат постојните вакцини против сојот омикрон.
Во Шведска досега се потврдени четири случаи на омикрон, два во Стокхолм, еден во Јонкопинг и еден во јужната провинција Скане. Сите случаи се поврзани со патување во Јужна Африка.
The emergence of the Omicron variant won't lead to any major changes in Sweden's Covid response, state epidemiologist Anders Tegnell told AFP on Tuesday, insisting "it has worked in the past". https://t.co/B3zHocwxiN
Во Шведска, од денеска организаторите на јавни настани со повеќе од 100 луѓе, пред се во културниот, спортскиот и забавниот сектор, мора од учесниците да побараат сертификати за вакцинација или да воведат дополнителни мерки, како што се ограничен број учесници. Мерката не се однесува на ресторани, кафулиња, продавници, училишта, јавен превоз и јавни институции.
Иако бројот на заразени во последните денови е зголен, Шведска сè уште има една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Во последните седум денови, починале вкупно 20 лица.
Во болниците има 291 пациент кои боледуваат коронавирус, од кои 41 се на интензивна нега. 79 отсто од луѓето над 12 години се вакцинирани со две дози.
Kuratorium Wiener Pensionisten-Wohnhäuser во Виена бара стручни лица за (повисоката) служба за здравствена и болничка нега. Позицијата е одлична можност за професионалци кои сакаат да работат во динамична и поддржувачка средина, со фокус на обезбедување на висококвалитетна грижа за старите лица. Ако имате искуство и квалификации во оваа област, ова е вашата шанса да се приклучите на тимот во Виена.
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ во ЕУ: Нема повеќе преминување на границата како порано, наскоро ќе се воведе систем кој менува се од корен
Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе почне да се применува следната година, а веќе на големо се зборува за тоа како ќе изгледа во пракса, како и кои се причините за одбивање на барањето.
Постојат неколку причини зошто вашето барање за овластување за патување ETIAS, кое ќе се применува од мај 2025 година, може да биде одбиено.
– Патничките документи што ги користевте можеби се пријавени како изгубени или украдени.
– Можеби сте прогласени за безбедносен ризик, потенцијален илегален имигрант или висок ризик од епидемија.
– Не доставивте дополнителни информации или документација што се бара од вас за обработка на апликацијата во дозволениот рок или не присуствувавте на закажаното интервју.
– Претходно ви беше одбиен влез и престој во земја на ЕУ, а е снимено и предупредување.
– Постојат разумни сомневања за веродостојноста на информациите што сте ги дале или изјавите и документите што сте ги понудиле.
ETIAS е кратенка за Европски систем за информации и овластување за патување. Целта на системот е да собира информации за патниците кои моментално патуваат без визи во Европската унија и да се осигури дека поединците кои претставуваат загриженост за безбедноста се идентификувани пред да им биде дозволено да патуваат во земјите на Шенген.
Главната цел на ЕУ е да ја подобри надворешната и внатрешната безбедност на граѓаните преку поседување централизиран систем за издавање одобренија за патување на посетителите на ЕУ и следење на нивното патување во Шенген зоната.
Како што рече директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА), Александар Сеничиќ, кој учествува во работата на надлежната Европска комисија, постапката нема да биде комплицирана и трети лица ќе можат да го пополнат формуларот за други, предмет на одредени правила.
За потсетување, на сите граѓани од земја која не е членка на ЕУ, на кои моментално не им е потребна виза за посета на земја на ЕУ за краткорочен престој, им треба ETIAS за влез. Граѓаните на ЕУ и оние кои поседуваат дозвола за престој, картичка или документ издаден од која било земја на ЕУ се ослободени.Курир.рс
Холандската влада објави дека воведува дополнителни проверки на нејзините копнени граници за борба против нерегуларната миграција, слична на политиката што ја воведе Германија во септември. Тоа е најновиот потег на тврдодесничарската влада во земјата, чија цел е да ја заузда имиграцијата, додека антимигрантското расположение е во пораст низ Европа.
Холандската министерка за миграција Марјолеин Фабер ја објави политиката во соопштение за печатот откако потегот доби зелено светло од Кабинетот. „Време е да се справиме со нерегуларната миграција и криумчарењето мигранти на конкретен начин. Затоа од почетокот на декември ќе почнеме повторно да воведуваме гранични контроли во Холандија“, се вели во изјавата на таа.
Мерката ќе стапи на сила на 9 декември. Според правото на Европската унија, земјите мора да го известат Брисел четири недели пред да ја ограничат слободата на движењето.
Претходно оваа година, Фабер му соопшти на Брисел дека и Холандија сака да се откаже од обврските на ЕУ за бегалците.
Герт Вилдерс, чија антиимиграциска партија освои најголем дел од местата на изборите минатата година, објави на социјалните мрежи дека неговата партија ПВВ „испорачува што ветила“. Вилдерс бара затворање на холандските граници повеќе од една деценија.