ШВЕДСКА „уво не ја боли“ за ОМИКРОН сојот: Тоа е една ИСТА БОЛЕСТ

Главниот шведски државен епидемиолог, Андерс Тегнел, вели дека Шведска нема намера да ја промени својата актуелна стратегија за справување со пандемијата поради појавата на сојот омикрон, пренесува „Локал Шведска“.

Сè уште е истата болест. Имаме причина да веруваме дека мерките што ги презедовме досега ќе бидат ефективни и против овој вид – изјави Тегнел, додавајќи дека сè уште има сомнежи и загрижености за тоа колку ефикасни ќе бидат постојните вакцини против сојот омикрон.

Во Шведска досега се потврдени четири случаи на омикрон, два во Стокхолм, еден во Јонкопинг и еден во јужната провинција Скане. Сите случаи се поврзани со патување во Јужна Африка.

Во Шведска, од денеска организаторите на јавни настани со повеќе од 100 луѓе, пред се во културниот, спортскиот и забавниот сектор, мора од учесниците да побараат сертификати за вакцинација или да воведат дополнителни мерки, како што се ограничен број учесници. Мерката не се однесува на ресторани, кафулиња, продавници, училишта, јавен превоз и јавни институции.

Иако бројот на заразени во последните денови е зголен, Шведска сè уште има една од најниските стапки на инфекции и смртност во Европа. Во последните седум денови, починале вкупно 20 лица.

Во болниците има 291 пациент кои боледуваат коронавирус, од кои 41 се на интензивна нега. 79 отсто од луѓето над 12 години се вакцинирани со две дози.