Connect with us

Македонија

Димитров: За да не се разочараме, да не очекуваме деблокада во декември

Published

on

За да не се разочараме, подобро да не очекуваме добар исход, но мора да продолжиме да работиме, вели вицепремиерот Никола Димитров за очекувањата и најавите во декември да се случи деблокада на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, на состанок на Советот за општи работи на ЕК.

– Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход. Со оглед на краткиот период, имаме само неколку дена до Советот за општи работи, до ГАК, 14 декември, мислам дека е крајно неодговорно било какви очекувања да создаваме тогаш. Формата, одржувањето на Советот е помалку важна. Ако успееме да дојдеме до едно достоинствено, европско решение, затоа што прашањето почна толку да боли насекаде, што веројатно ќе има волја кај сите, вклучувајќи го и словенечкото претседателство, да се закаже и вонреден ГАК. Не смееме, после целото искуство што го имаме да се врзуваме за датуми. Мислам дека сигналите од Софија упатуваат дека очекуваат некаков процес, во билатералните односи кој чекор по чекор ќе помогне да се затвори прашањето. Кај нив очигледно уште парламентот ќе има улога, такви се најавите, рече Димитров во разговор за ТВ Клан Македонија.

Според Димитров, сега е важно да се одржи средба со новата влада во Софија, која ќе ги даде натамошните насоки за надминување на билатералниот спор.

– Многу е важно и за нас, пред се за народот, но и за сите други во регионот кои што гледаа надеж во овие решителни чекори што во изминатите години ги правевеме за конечно да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ, многу е важно да има нешто. Тоа ќе зависи од оваа билатерална комуникација со Бугарија, но и од расположението на третите, кои имаат влог, кои се злагаат. Затоа што ова прашање стана европско, не е само билатерално прашање, бидејќи влиаје на политиките на ЕУ кон регионот. И во таа смисла има реален контекст да се дојде до нешто, мора да се обидуваме за вистински пробив, рече Димитров. 

Македонија

Во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот на Васил Јованов, вели Абази

Published

on

Во специјализираното Одделение за кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворската полиција вклучени се јавните обвинители, и во секој момент чекаме да го идентификуваме или откриеме лицето кое му го дало мобилниот телефон на Васил Јованов, кој се наоѓа во притвроското одделение во затворот во Шутка, посочи денеска на прес-конференција јавниот обвинител Ислам Абази, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој потенцираше дека Обвинителството го следи настанот и се преземаат дејствија. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство за организиран криминал.

На новинарско прашање упатено до јавниот обвинител Љупчо Коцевски, зошто била запрена кривичната постапката за Васил Јованов, тој одговори дека постои законска одредба во Законот за кривична постапка за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање.

-Сакам јавноста да биде правилно информирана. Значи, не е запрена кривичната постапка, не е отфрлена кривичната пријава. Има законска одредба во Законот за кривична постапка, за полесните кривични дела од областа на сообраќајот, каде што е запретена казна од една година затвор или парична казна, во согласност со оштетениот, јавниот обвинител го повикува оштетениот, и доколку оштетениот не бара штета, тогаш јавниот обвинител има право да предложи т.н. одложно плаќање, со тоа што му дава решение на сторителот во одреден рок да плати одредена парична сума, која ќе ја определи јавниот обвинител согласно неговите можности. Доколку во тој рок се плати износот што е определен со решението, тогаш против тој сторител не се презема кривично гонење. Вака ги решаваме 90 отсто од случаите, рече Коцевски.

Како што дополни, станува збор за законска одредба која што многу често ја применуваат, а парите често се уплатуваат во буџетот или во хуманитарни цели.

Прашан дали Обвинителство ќе оформи предмет за судијката Даниела Алаксовска-Стојановска, јавниот обвинител Љупчо Коцевски одговори дека во моментов нема сознанија дека е отворен предмет, затоа што нема индиции за сторено кривично дело.

-Во моментот немам сознанија дека е отворен предмет против судијката, затоа што во овој момент немаме никакви евентуални докази за некакви индиции, односно сомнение во однос на оваа судијка. Нема елементи и индиции за сторено кривично дело. Доколку има, Јавното обвинителство стои на располагање, рече Коценвски.

Инаку, денеска министерот за правда Игор Филков донесе одлука да ја разреши од членство во работната група за измени на Кривичниот законик судиката која му судела на возачот што ја прегази Фросина Кулакова. Целта е, како што посочи, да не се дискредитира процесот што е започнат за суштинските реформи во правосудството, со кои нема да се дозволи неказнивост и недопирливост.

Continue Reading

Македонија

„Реното“ му го покажува патот на „цитроенот“ во Визбегово, возат до местото каде Вања е убиена, па го палат едното возило

Published

on

За 15 минути, киднаперите на убиената Вања Ѓорческа успеале да ја однесат од пред зградата во Дебар Маало, до Визбегово, покажуваат снимките на Обивнителството прибавени во истрагата. „Цитроенот“ вози сам од киднапирањето до Визбегово, каде му се придружува возилото „Рену канго“ кое го управувале лица од партијата „Десна“, а според обвинението, во моментите пред убиството, го возел Љупчо Палевски-Палчо.

Од камера на „Метал бург“, плац во Визбегово, во 7:56 се гледа како поминува возилото „Рено кангу“ и се движи во правец спрема Горно Оризари. На истото видео, по осум секунди поминува и возилото „циторен“ во кое била Вања, следејќи го првото возило.

По еден саат и 12 минути, односно во 9:08 минути двете возила се гледаат на камера од пречистетелната станица како поминуваат едно по друго одалечени 11 секунди. Одат кон локацијата каде „циторенто“ беше најден запален. Во 9:21 минута на камерата се гледа само „Реното кангу“ како се враќа назад.

„’Цитроенот’ не го следи кангугото, истото не се враќа назад односно очигледно е дека истото било запалено“, рече обвинителката.

Извор: Скопје1

Continue Reading

Македонија

Трите лица во неготинско кои беа пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид

Published

on

Трите лица во Црвени Брегови пронајдени во импровизиран верски објект починале од труење со јаглерод моноксид, покажал наодот на судска медицина. Од Обвинителството попладнево за МИА потврдија дека се преземаат дејствија за утврдување на тоа што се случувало во неготинското село.

На 8 декември минатата година, МИА информираше дека три безживотни тела биле пронајдени во неготинското село Црвени Брегови.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, рекоа тогаш од Обвинителството за МИА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк