Connect with us

Македонија

Општина Тетово блокирана од извршители, вкупниот долг изнесува 24 милиони евра

Published

on

24 милиони евра изнесува вкупниот долг на општина Тетово. Како што вели градоначалникот Биљал Касами, долгот ги надминал неговите очекувања.

„Ова е вкупниот долг. 17.3 милиони се кон приватниот, а 6.7 кон јавниот сектор. Долгот на општината, односно на администрацијата е 14 милиони евра, долгот на Јавното комунално претпријатие е 9.7 милиони евра, долгот на Претпријатието за градски паркинг е 187 илјади евра, а долгот на училиштата 77 илјади евра.“, вели Касами.

Општината е блокирана од над 430 извршители и во моментов може да исплаќа само платите на вработените.

„Во моментов општина Тетово е блокирана. Има над 430 решенија на извршители кои ги доставиле до трезорот и во моментов не располагаме со сметката на општината.“, рече Касами.

Градоначалникот најави дека подготвуваат план за решавање на проблемот со долгот. Најпрвин ќе ја деблокираат општинската сметка со цел од јануари да почне да се реализира планот за исполнување на сите барање кои ги ветиле. Долгот на општина Тетово ќе биде видлив за граѓаните преку монитор на плоштадот „Илирија“, а детално ќе биде објавен и на веб-страницата на општината.

Македонија

Николоски: Предвремени парламeнтарни избори со локалните нема да има, а Таравари би извршил политичко самоубиство ако соработува со ДУИ

Published

on

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека партијата нема да отстапи од изборното ветување дека ДУИ ќе биде во опозиција. Според него, доколку некој смета дека треба да соработува со ДУИ, тогаш секако ќе биде во опозиција. Укажува дека нема никаква официјална најава од Таравари дека ќе оди во коалиција со ДУИ, но ако тоа се случи, тогаш ќе се промени реалноста, смета Николоски
Прашањето за предвремени парламентарни избори со локалните за Николоски е затворено. Граѓаните оваа есен ќе решаваат кои ќе бидат нивните општински советници и градоначалници. „Здравје Господ, во 2028 година ќе се мериме пак на парламентарни избори“, рече Николоски во интервјуто за „360 степени“

Вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, е уверен дека исклучително искусен политичар како Арбен Таравари нема да повлече потег со кој би си ги загрозил сопствените позиции. Соработката со ДУИ би била маневар со кој тој би си ги затворил вратите во владината коалиција.

„Тој е многу политички искусен. Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност. Се разбира, не исклучувам такво сценарио, но би бил многу изненаден ако тоа се случи“, вели Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Прочитајте го целото интервју на 360 степени

Continue Reading

Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПОКАНИ НА СРЕДБА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ Ќе им бидат презентирани досегашните резултати од истрагата

Published

on

Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка, соопшти Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство упати покана до семејствата на настраданите во пожарот во Кочани доколку сакаат подетално да се запознаат со сите аспекти од истражната постапка, во текот на утрешниот ден да остварат средба со јавниот обвинител и со обвинителите кои постапуваат по предметите.

Како што е наведено во соопштението од Обвинителството, семејствата на настраданите треба да назначат најмногу по еден член од семејството кој би присуствувал на средбата.

„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Јавното обвинителство поканува на средба претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“, се наведува во информацијата од Обвинителството.

Семејствата на настраданите во пожарот во Кочани за утре најавија протест во Скопје.

Continue Reading

Македонија

Поранешни шефови во МВР обвинети за скандал од 3 милиони денари!

Published

on

Кривични пријави против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против В.В.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „помошник директор“ во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во Бирото за јавна безбедност при МВР и В.Н.- пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место „началник“ на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци во Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ при МВР, за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавената како службено лице во текот на 2021 и 2022 година не ја извршила својата службена должност на начин што не спровела правосилни пресуди на надлежен суд, со кои било одлучено за прекинување на договорите за вработување на две вработени лица и дозволила истите да продолжат да работат во Министерството за внатрешни работи. Пријавената не постапила согласно своите надлежности на начин што не ја распоредила примената пошта, во случајот предметните пресуди, до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки во рамки на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и не дала насоки да се постапи по пресудите, односно да се откажат договорите за работа на работниците, и покрај фактот што на критичните денови кога пресудите пристигнале во Одделот со кој раководела, истата била на работа и не дала овластување на друг работник да ја распоредува поштата. Пресудите биле заведени во Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, кој немал надлежност да постапува по истите.

Второпријавената во својство на овластено службено лице кога предметните пресуди пристигнале во Секторот со која таа раководела, не ги прочитала со внимание и ги предала да бидат заведени во Деловодникот на Секторот за правни работи и заштита на лични податоци, без притоа соодветно да реагира и да ги врати пресудите до првопријавената , со цел да бидат проследени до надлежниот Сектор за управување со човечки ресурси и обуки заради постапување. Со ваквото дејствие пријавените му нанеле значителна имотна штета на буџетот на Министерството за внатрешни работи на име на исплатени плати и придонеси од работен однос на работниците на кои согласно судските пресуди требало да им биде прекинат работниот однос во МВР во износ од 3.314.870 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк