Траорно во скопско Студеничани

Траорно беше денеска во скопското село Студеничани. 10 дена по големата автобуска трагедија во Бугарија, испратени во вечните почивалишта беа жртвите на голема несреќа.

Денешниот ден беше најтежок за семејствата кои ги дочекаа посмртните останки од своите најблиски.

Интервенираше и екипа на Брза помош.

Еден човек изгубил 4 члена од своето семејство…

-Тежината е ептен голема кај нас и цело време ние сме фокусирани сме само да се завршат овие последни погребни церемонии, тоа ни е битно во моментов. Ние како семејство имаме четири члена.

Посмртните останки на 45-те загинати во големата трагедија на автопатот Струма изутрината пристигнаа со два авиони на бугарската армија. На меѓународниот Аеродром во Скопје тие беа пречекани од државниот врв предводен од претседателот, премиерот и собранискиот спикер.

Последна почит кон загинатите граѓани дадоа и на плоштадот Скендербег. Знајни и незнајни. Пораката е иста од сите: вакви трагедии повеќе да нема.

45-мината загинаа на 23 ноември во автобусот кој се запали во сообраќајна несреќа на автопат во Бугарија.

YouTube video player