Connect with us

Македонија

Алтернатива со 4 пратеници ќе има 3 битни министерства, мазохизам на либералите и зелените

Published

on

По вчерашната одлука на Алтернатива да стане дел од владината коалиција СДСМ-ДУИ, од партиски извори дознаваме дека Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, во преговорите со премиерот Зоран Заев успеал да добие 47 раководни функции меѓу кои вицепремиер, двајца министри, двајца заменици министри, МЕПСО…

Освен тоа, портпаролот на Алтернатова Орхан Муртезани вчера изјави дека било договорено Владата да бара меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво Насеље, случајот со Алмир Алиу…

Неофицијално Алтернатива ќе го добие министерското место за здравство, за информатика и министер за дијаспора. Заменици министри од Алтернатива ќе бидат во култура, земјоделство и транспорт, заменик претседател на Собранието, директорско место во МЕПСО… и уште десетици места во јавните претпријатија, здравствени установи, надзорни и управни одбори…

Димитар Апасиев од Левица за овој договор напиша: „ЛДП и ДОМ имаа 4 пратеници, а само 1 (небитно) министерство. Алтернатива има 4 пратеници, а ќе има 3 (битни) министерства!? Само јас ли не го разбирам мазохизмот на либералите и зелените?“.

За денеска во 13 часот договорена е нова средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која ќе се потпише програмата за заедничко дејствување и приклучување на партијата во Владата и парламентарното мнозинство. Се очекува Заев и Гаши да кажат и кои ресори ќе ги преземе Алтернатива.

Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе партискиот портпарол Муртезани, е историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евроинтеграција на целиот регион.

флеш.мк

Македонија

Не смее сметките за струја да се зголемени заради нередовно читање на броилата, вели премиерот

Published

on

Упатив многу јасна порака кон ЕВН дека не смее да се случува сметките за потрошена електрична енергија на граѓаните да се зголемени заради нередовно читање на броилата. Ваквиот тип на однесување е непочитување кон Владата, бидејќи е непочитување кон граѓаните кои ја избрале оваа Влада. Ако продолжи ваквото однесување, а мислам дека нема да продолжи, државата има механизми како да се заштити и ќе се заштити, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Тоа, како што рече, е непримерно и погрешно и нема така да помине, бидејќи ударот врз граѓаните е удар врз сите нас.

„Ние ќе се браниме и имаме право да се браниме. Бранејќи ги граѓаните го браниме суверенитетот на државата. Ние сме коректни, не се однесуваме насилнички како што тоа го правеле некои други влади во минатото. Не бараме ништо, бараме почитување, бидејќи ние ги почитуваме. Го почитуваме секој инвеститор и тука сме да помогнеме за се што треба ако имаат институционален проблем или друг тип на проблем. Како Влада сме тука за се што можеме да помогнеме и бараме почитување“, рече Мицкоски во гостување на Канал 5.

Нагласи дека има два факти за високите сметки што ги добиваат граѓаните од ЕВН.

-Едниот факт е дека за 40 проценти се помалку жалбите пред Регулаторната комисија за енергетика во споредба со лани тоа време и вториот е дека сметките се зголемени откако ќе се нивелираат, бидејќи ЕВН не ги чита броилата на време, прецизира Мицкоски.

Прашан зошто не го поддржуваат предлогот од опозицијата за намалување на ДДВ-то за струјата од 18 на 5 отсто и на храната на нула проценти иако тоа го предлагале кога тие биле опозиција, Мицкоски рече дека имало ценовни шокови кога тоа го предлагале, а сега тоа не е случај.

„Не станува збор дали нас ние прифатливо или не ни е. Тогаш кога ние го предлагавме имаше екстремно големи ценовни шокови, инфлација од 20 до 25 па и 30 проценти, а сега тоа не е случај. Тогаш импутот и во производството и во оперативното работење беше резултат на тие високи ценовни шокови поради високите цени на енергенсите. Од тие причини се намалуваше процентот на ДДВ. Ако не дај Боже дојдеме до таква ситуација апсолутно тоа е опција и не бегаме ние од таа опција“, посочи Мицкоски.

За цените во маркетите рече дека нема да се намалат доколку само се намали ДДВ-то за храната.

„Зошто некој би ја намалил цената ако ние го намалиме ДДВ-то ако пазарот ја одредил таа цена. Ако мислите дека нешто чини 50 денари и ние да го намалиме ДДВ и некој ќе биде хуман и ќе го направи 47, 48 денари се лажете. Нема тоа да го направи. Тоа нема да се случи ако нема мерки воведени од Владата“, потенцира Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

„Ќе им се случи народ, а јас ќе бидам прв на улица“ – Мицкоски најави протести против членовите на Судски совет

Published

on

На новинарско прашање што ако и понатаму членовите на Судски совет одбиваат да се повлечат по излгласаната интерпелација, премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ кажа дека „народот ќе излезе на протести“ и дека тој прв ќе им се приклучи.

„Ќе им се случи народ. Ќе излезе народ на улица и ќе протестира. Народот е гладен и жеден за правда. Замислете, вие имате доверба кај граѓаните помала од два проценти, ве разрешуваат и вие не си заминувате и ќе им се случи народ. Нема играње со тие работи, прв ќе бидам кој ќе застане да го води народот. Еве јас ви ветувам дека тоа ќе се случи.“ кажа Мицкоски во интервјуто.

Иако Собранието донесе одлука за отповикување на членовите на Судски совет таа сепак не е обврзувачка за истите.

Continue Reading

Македонија

Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет

Published

on

Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, посочи денеска амбасадорката на САД Анџела Агелер во Центарот за обука на МВР во Идризово на свеченоста по повод предавање на акредитацијата од Меѓународната асоцијација на директори на полициски академии за стандарди и обуки (ИАДЛЕСТ).

Во одговор на новинарско прашање во врска со тоа како ги коментира изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет, Агелер нагласи дека не може да ги коментира, но, како што рече, најважно од сѐ е процесот да се следи на јасен и транспарентен начин.

Јас не можам да ги коментирам. Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет. Она што е најважно за секој од овие случаи е да се следи на начин што е јасен и транспарентен за сите оние кои го набљудуваат, рече Агелер.

Во врска со одбиеното барање за виза на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, Агелер упати одговор да се бара кај самиот апликант, посочувајќи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.

Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето, рече Агелер.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк