Connect with us

Македонија

Двајца лекари пријавиле сомнеж за починати пациенти после вакцинација

Published

on

Лекари се посомневале дека двајца пациенти починале по примена вакцина во Македонија, па случаите ги пријавиле, велат од Агенцијата за лекови МАЛМЕД.

Станува збор за 53 годишен пациент кој примил „Фајзер“, случај пријавен во април, и 85 годишник имунизиран со „Астра Зенека“ во септември. Ова засега се само сомневања кои допрва треба да се утврдуваат преку синџир на анализи кои треба „под лупа“ да го стават и медицинскиот профил на пациентот, од што боледувал и какви лекарства земал, вели раководителката во Агенцијата за лекови Мерјем Хаџихамза која заедно со првиот човек на МАЛМЕД оствари он-лајн средба со новинарите.

Досега се пријавени околу 240 негативни последици по примена вакцина, но најголем дел од нив се оние вообичаените како главоболка, вртоглавица и болка во рамото. Ова е помалку од 1% од сите вакцинирани, појаснува Директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани.

Ризик од несакана последица има секој лек и вакцина, па дури и Аспиринот. Антиковид вакцината, според надлежните, спасува животи со тоа што го намалува ризикот за хоспитализација и смрт. Според анализите на Министерството за здравство во последните четири месеци од вкупниот број на починати од КОВИД 19, околу 80 % биле невакцинирани.

Македонија

ИСПУКАЛЕ КУРШУМ ВО ВОЗДУХ ЗА ДА СЕ СПРАВАТ СО КРАДЦИТЕ Полицајци во Штип се повредени во расчистување кражба

Published

on

Еден полициски службеник испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. Двајца полициски службеници се здобиле со повреди, информира МВР.

Четворица Штипјани нападнале полицајци во атарот на манастирот „Воскресение Христово“ во Штип, каде што била пријавена кражба. Во обид за расчистување настанот полицајците биле нападнати, а еден полициски службеник и испукал и предупредувачки истрел во воздух, по што лицата се лишени од слобода.

„Притоа кај местото викано „Елките” полицјаците забележале запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва. При преземањето мерки и активности за расчистување на настанот, полициските службеници биле нападнати од Љ.Д.(45), И.Д.(25), А.Д.(24), Т.Д.(22) и К.Д.(25), кои употребиле и тврди и остри предмети“, се вели во полицискиот билтен.

За време на инцидентот полициските службеници се здобиле со повреди, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Сè што ќе посакаше Груби да помине во Собрание, не само што поминуваше туку добиваше и европско знаменце

Published

on

На денешната трибина „Правдата доаѓа” што се одржа во просториите на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој што истакна дека кај поранешниот премиер Димитар Ковачевски и ексминистерот и актуелен лидер на СДСМ Венко Филипче имало политичка мотивација во однос на Артан Груби и случајот со  Лотарија сè со цел да се задржи СДСМ ден повеќе на власт.

– Сметам дека има политичка мотивација кај Ковачевски со Артан Груби и со случаите на Лотарија, политичката мотивација беше едноставна, колку повеќе ќе му се дозволи на Артан Груби да се занимава со незаконити работи и да биде доминантен фактор во владата па и надвор од владините институции во случајот во лотарија толку подолго денови недели или месеци Ковачевски ќе биде премиер на државата. Тоа беше цената заради која Ковачевски се согласи наместо премиер да му биде асистент на вистинскиот човек кој што ја имаше моќта во власта а тоа беше Артан Груби. И затоа сметам дека и во овој случај на Лотарија, Ковачевски има направено сериозен пропуст и тоа не е случаен технички пропуст, тој има направено пропуст што на самата седница на влада има дозволено да се расправа за потпишување на нови концесии, дозволи и одобренија за видео лотарии и дополнителни игри на среќа онлајн иако знаел дека во законот за државна лотарија тоа е ограничено на само една таква концесија – истакна Милошоски и додаде:

– Затоа сметам дека ова е главниот доказ како СДСМ се однесуваше кон ДУИ и особено кон Артан Груби. Сè што ќе посакаше Артан Груби да помине во Собрание не само што поминуваше туку добиваше европско знаменце. СДСM беше само асистент во собраниските потреби на ДУИ кои секогаш добиваа приоритет со злоупотреба на европското знаменце – потенцира Милошоски.

Милошоски посочи дека Венко  Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер, туку тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДСМ и нему лично да се задржат на власт.

– Доколку не постоеше поддршката од ДУИ во време кога СДСМ го имаше најнискиот рејтинг во 2023 година Филипче немаше да биде министер, Ковачевски немаше да биде премиер, СДСМ немаше да биде на власт. Филипче кон Артан Груби не гледал само како кон колега или коалиционен партнер тој гледал како кон актер кој му овозможува на СДСМ и нему лично да се задржат на власт. А нивното задржување на власт било битно за да можат да работат на одредени набавки на Онкологија, на одредени набавки во РЕК Битола на одредени царински постапки, набавки во други институции и затоа сметам дека не треба да се очекува од Венко Филипче да се огради од Артан Груби затоа што Груби му помогнал и на Филипче и на Ковачевски и на целото СДСМ да останат на власт во моментите кога немале легитимитет и немале капацитет да бидат на власт. Имаме феномен на партија која што 21 година ниеден функционер од таа партија, од ДУИ не бил соочен со одговорност пред правосудните органи.

Милошоски апелираше до надлежните институции да се позанимаваат со случајот Онкологија.

– Беше скандалот со клиниката за Онкологија, сметам дека тие материјали кои што тогаш ги обезбедивме и се јавно достапни до обвинителството можат многу да им послужат на обвинителите доколку имаат намера да го расчистат овој случај за предистрага или истрага во случајот со Онкологија. Имаше силни индиции дека главниот и движечки фактор на Онкологија биле набавките високите тендери и една доминантна веледрогерија, а за тоа според законот морал да знае тогашниот министер за здравство Венко Филипче и директорите. Би апелирал до надлежните институции и до обвинителството да се позанимаваат со овој случај – истакна Милошоски.

Continue Reading

Македонија

В ПОНЕДЕЛНИК ДОАЃА СТУДЕН БРАН Најавени се врнежи од дожд и снег

Published

on

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови (над 25л/м2) каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч).

До четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег, особено попладне. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. И во следните три дена ќе има услови за провејување на снег, особено во среда.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк