Connect with us

Европа

Грчки поп во Атина му се дереше на папата: „Ти си еретик!“ (ВИДЕО)

Published

on

Постар православен свештеник во Атина му се дереше на папата Франциско додека овој влегуваше во православен храм.

„Папа, ти си еретик“, викаше тој.

На снимката се гледа како маж со долга бела брада, облечен во црна мантија и црна капа, извикува зборови на грчки пред зградата, пред полицијата да го одведе.

Сведоците рекоа дека тој викал доволно гласно за папата да го слушне метежот. Изгледа дека старецот паднал додека го одведувале, а полицајците го кренале.

Папата Франциско вчера од поглаварот на Грчката православна црква Јероним II побара прошка за злосторствата извршени од Католичката црква.

„Историјата има своја тежина и денес имам потреба да побарам од Бога и од моите браќа и сестри прошка за грешките што ги направија многу католици“, рече папата за време на посетата на Атина.

Православните христијани сметаат дека неговите зборови се однесуваат на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Првичната цел на походот бил Египет, но како жртва на крстоносците паднале, со масакри и грабежи, прво Задар, па Цариград. Резултатот од таа војна било основањето на Латинското Царство во Цариград. Крстоносците не ни стигнале до Светата земја затоа што сечилото на војната се свртело против ослабената Византија.

Извинувањето на папата Франциско не е прво од името на Католичката црква. Папата Јован Павле Втори прв пат пред 20 години побара прошка од атинскиот архиепископ во врска со инцидентите од 1204 година.

Европа

НЕВРЕМЕТО ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ СООБРАЌАЈОТ: Откажани летови; Издадено е предупредување

Published

on

Стотици летови беа откажани денеска во Велика Британија бидејќи силни ветрови ја зафатија земјата за време на пред-божиќниот викенд, соопшти лондонскиот аеродром Хитроу, а погоден е и другиот сообраќај.

„Поради силниот ветер и ограничувањата на воздушниот простор денеска се откажани мал број летови“, се проценува на околу сто, објави лондонскиот аеродром, најголемиот во Велика Британија и Европа по број на патници. Веќе вчера Хитроу откажа неколку летови, што главно ги погоди патниците на Бритиш ервејс.

И сите патувања меѓу Ларн во Северна Ирска и Каирнријан во јужна Шкотска се откажани најмалку до 20 часот по локално време, соопшти британската бродска компанија P&O Ferries.

Покрај тоа, патиштата мораа да бидат затворени, а возовите од вчера сообраќаат со намалена брзина, што доведе до откажувања и значителни доцнења за време на овој исклучително напорен викенд, за време на кој милиони Британци планираат да патуваат.

Британската метеоролошка служба соопшти дека жолтите предупредувања за силни ветрови ќе останат во сила до 21 часот по локално време, со налети до 125 километри на час. Ветерот треба да се намали во понеделник навечер.

Continue Reading

Европа

СТРАНЦИТЕ РАБОТАТ РАБОТИ КОИ НИКОЈ НЕ ГИ САКА: Секој четврти работник во Европа е мигрант, ги заземаат дури и местата на пензионерите

Published

on

Мигрантите играат сè поважна улога на пазарите на труд со високи плати, според податоците објавени неодамна од Меѓународната организација на трудот (МОТ) со седиште во Женева.

Во Северна, Јужна и Западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголеми меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто.

Уделот на мигрантите во работната сила е особено висок во Европа, Северна Америка и арапските земји.

Дел од причината е стареењето на населението во овој регион. Мигрантите ги преземаат работните места на пензионираните, а побарувачката за старатели за стари лица расте.

Терминот „мигрант“ се однесува на секој кој работи надвор од својата матична земја.

Добри две третини од нив се вработени во услужните дејности, во споредба со приближно половина од домашното население, покажуваат податоците.

Во 2022 година, учеството на мигрантите во вкупната работна сила во светот беше 4,7 проценти. МОТ го процени вкупниот број на мигранти во светот на 284,5 милиони. Околу 255,7 милиони биле постари од 15 години, значи работоспособни. Од нив, 167,7 милиони се вработени, 30 милиони повеќе од 2013 година.

Курир.рс

Continue Reading

Европа

Непритфатливо: САД ГО ОСУДИЈА РУСКИОТ РАКЕТЕН НАПАД ВРЗ АМБАСАДИ ВО КИЕВ, МЕЃУ КОИ И МАКЕДОНСКАТА

Published

on

Информацијата синоќа ја потврди и нашето МНР.

„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Македонија во Киев. При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата. Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, пишува во соопштението на МНР.

МНР вчера му врачи протестна нота на амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк