Connect with us

Македонија

Косовскиот заменик-министер за правда најави посета на осудените за „Диво насеље“

Published

on

Заменикот министер за правда на Косово, Блерим Салаху најави дека утре ќе ги посети косовските државјани кои се осудени за случајот „Диво насеље“, кои ги служат казните во македонските затвори за настаните од мај 2015 година во Куманово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за телевизијата Т7, Салаху рече дека, по воспоставената комуникација со Министерството за правда на Северна Македонија, добил дозвола за во четврток да ги посети затворениците осудени за споменатиот случај.

– Како Министерство, имајќи го предвид Законот за државјанство, во кој се нагласува јасно дека државјанинот има тесни врски со државата, ние имаме обврски (кон државјаните на Косово). Имаме потврда од македонскиот заменик министер за правда дека можеме да ги посетиме во четврток. Ќе ги посетиме, ќе ги видиме условите, потоа ќе преземеме мерки, како што е испраќање дописи до тамошната влада за да создадат подобри услови, рече Салаху.

Претставникот на Владата во Приштина побара целосно расветлување на случајот и расчистување на дилемите околу тоа што точно се случи во кумановската населба во 2015 година.

– Јас целосно се согласувам со потребата овој случај да се расветли, почнувајќи од прашањата како тие луѓе отидоа таму. Значи, зошто се случи тоа што се случи, кој го организираше?, рече Салаху.

Осум полицајци – припадници на специјалната единица „Тигар“ и 14 осомничени терористи ги загубија животите во крвавата дводневна битка на 9 и 10 мај 2015 година. Десетици беа приведени од полицијата, а ранети беа уште најмалку 40 лица.

Вкупно 33 лица обвинети добија затворски казни во времетраење од 12 години до доживотно, а четворица се ослободени од обвинението. Седуммина се осудени на доживотна затворска казна. Основниот кривичен суд Скопје на уште 13 обвинети им пресуди 40 години затвор, на шестмина по 20 години, на еден обвинет 18 години, на двајца обвинети по 14 години, на двајца по 13 години, и на по 12 години уште двајца од обвинетите.

Македонија

ВРЕДИ: Ги зголемуваме платите на здравствените работници за да го подобриме квалитетот на услугите

Published

on

Коалицијата ВЛЕН како надеж за нови можности придаваголемо значење на сите области кои ги засегаат нашитеграѓани. А особено здравствената заштита. Животот безздравствени проблеми доаѓа само преку зголеменаздравствена заштита. И тоа не може да се постигне аконашите алфа и бета лекари се оставени во заборав, а нивната грижа се занемари. Оваа заостаната практиказаврши со крајот на претходната власт, велат во партиското соопштение од Коалицијата ВРЕДИ.

Ние како нова влада, Владата на ВЛЕН, потпишавмеколективен договор со синдикатите на лекарите и здравствените работници, кои ќе имаат линеарнозголемување на платите. Само во месец ноември ланиплатата на медицинските сестри се зголемила за 18 отстозаедно со техничките работници. Кои сега почнаа дадобиваат 2.500 денари повеќе.

Додека фармацевтите, физиотерапевтите и лекарите одитната помош ќе имаат плати еднакви на оние на општителекари и стоматолозите. Платите во здравството се очекувада пораснат за пет до осум отсто во текот на месец мај.

Со зголемените плати за лекарите и здравственитеработници, ги мотивираме уште еднаш со целосна волја и посветеност да се посветат на енергична услуга и добрирезултати на нашите граѓани.

Имајќи ги предвид предизвиците за работа во итнатамедицинска помош, каде што интересот на лекарите е помал, стимулацијата за нив се обезбедува преку повисоккоефициент за сложеност на услугите. Исто така, зголемување на коефициентите се предвидува и заздравствените работници на Клиниката за онкологија и радиотерапија, поради специфичноста и тежината нанивната работа.

Со здравје на најдобар можен начин води коалицијатаВЛЕН, со која се залагаме за подобрување на мизернатасостојба во здравството во државата, бидејќи само такамислиме дека сме на услуга на граѓаните и им останувамеблиску.

ВЛЕН верува и работи на тоа дека здрав живот е возможенсамо преку квалитетни здравствени услуги!

Continue Reading

Македонија

Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани, на овој начин правиме добри работи за луѓето

Published

on

За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод пушањето на зграда и доделување на становите на социјално ранливи категории на граѓани во општина Кочани.

И во иднина ќе продолжиме со убави вести за граѓаните рече премиерот Мицкоски.

-Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на Владата и министерот за транспорт, на директорот на АД коешто еве го направи сето ова да биде реалност, на градоначалникот, на пратениците, на останатите членови на Владата коишто се тука денеска со нас и можам да кажам дека ќе продолжиме во насока на убави вести за граѓаните и во периодот коишто следи за сето останато коешто веќе беше кажано не би сакал да се повторувам, што е направено и што допрва ќе следи, рече Мицкоски.

Мицкоски им посака среќа на новите станари.

-Така што уште еднаш ќе им посакам долго користење и среќа на новите станари на овие станови, додаде Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Стерјовски: Побаравме од МЕНР на Албанија да потпише договор со соседните земји за меѓусебно признавање на малцинствата на реципроцитетна основа

Published

on

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата.

На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние сме лојални на оваа држава, плаќаме даноци во оваа држава и досега не сме презеле ништо против оваа држава, затоа што таа на крајот е наша татковина. Овде сме родени, овде живееме и го сакаме најдоброто за оваа земја, но на крајот сакаме да си го зачуваме и тоа што сме, нашата националност, нашиот јазик. Не е некој проблем што државата не може да го реши, изјави Стерјовски, во гостување во емисијата „60 минути” на СКАН телевизија.

На констатацијата на новинарот дека барањата се оправдани, но прашање е дали можеби толку се капацитетите и можностите на Албанија, тој вели дека не се работи за тоа дали државата има капацитет или нема.

Секако дека има. Да го земеме, на пример, едно од нашите права, а тоа е правото на образование. Ние во Пустец го имаме тоа право од 1945 година, во општина Пустец и во селото Врбник во Деволската област. Но, сега училиштето таму е затворено бидејќи поради лошите услови за живеење луѓето си заминале. Во областа Голо Брдо, во областа Гора, поточно таму каде што има барање, бидејќи таму сите се Македонци, сите зборуваат македонски, но сакаат да научат и да пишуваат. Со неколку професори по македонски јазик, да се воведе македонскиот јазик во наставниот процес, не е проблем за државата, некој голем трошок да се ангажираат и да се платат пет професори, оценува тој.

Според Стерјовски тоа е потврда дека едноставно немало политичка волја од сите влади, не само од оваа влада. Едноставно, како што кажав, рече тој, тоа беше обврска од ЕУ, и законодавството за малцинствата напредувало како што нашата земја напредувала кон ЕУ.

Посочува дека политичка волја не постои зашто сите партии се плашат, особено како ќе реагира електоратот, да не им дадеме, многу на малцинства.

Верувам, додаде, дека ова е она од што креаторите на политиката најмногу се претпазливи.

Мојата порака, пред сè, е дека сите влади треба да обрнат внимание, особено на областите каде што живеат малцинствата. Јас конкретно, зборувам за мојата заедница. Ние можеме да зборуваме за правото на образование, култура и јазик, но во крајна линија тие треба да имаат подостоинствен живот, бидејќи условите во кои живее македонското малцинство во Албанија во руралните средини се навистина скандалозни, без патишта, без вода, без канализација, изјави Стерјовски.

Смета дека „треба да има поголемо внимание од сите влади за подобрување на животот на македонската заедница што живее таму, а потоа да зборуваме за културата, традициите и јазикот”.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк