Според житието, СВЕТИ КЛИМЕНТ најмногу сакал да престојува во ОХРИД, ја љубел убавината на својот манастир – ќе рече Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и литература од Охрид за публицитет.мк.
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
СО ЗБОРОВИ СИ ГИ УПАТИЛ НАРОДИТЕ ВО ВЕРАТА БОЖЈА;
СО ДЕЛАТА СИ ГИ ИЗДИГНАЛ ПРЕБЛАЖЕН,
КОН БОЖЕСТВЕН И БЛАЖЕН ЖИВОТ.
СО ЧУДЕСА СИ ГИ ПРОСВЕТИЛ ОНИЕ
ШТО ПРИСТАПУВААТ ВЕРНО КОН ТЕБЕ,
СО ЗНАМЕНИЈА СИ ЈА ОСВЕТЛИЛ ТЕМНИНАТА.
ПОРАДИ ТОА ГО СЛАВИМЕ ТВОЈОТ БОЖЕСТВЕН СПОМЕН,КЛИМЕНТЕ.
( ТРОПАР , ГЛАС ЧЕТВРТИ )
ПРЕСВРТНИЦА ВО КУЛТУРНИОТ И ИСТОРИСКИОТ РАЗВИТОК НА СИТЕ СЛОВЕНСКИ НАРОДИ ПРЕТСТАВУВА АНГАЖИРАЊЕТО НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ИЗНАОЃАЊЕТО НА СЛОВЕНСКАТА АЗБУКА,ВО СОЗДАВАЊЕТО НА ПРВИОТ СЛОВЕНСКИ КНИЖЕВЕН ЈАЗИК И ВО ПРЕВЕДУВАЊЕТО НА ПОТРЕБНИТЕ БОГОСЛУЖБЕНИ КНИГИ НА СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК И НЕГОВОТО ВОВЕДУВАЊЕ ВО БОГОСЛУЖБАТА.КОН СЕВО ОВА СЕ ДОДАВА И ФОРМИРАЊЕТО НА ГРУПА ОДУШЕВЕНИ УЧЕНИЦИ И СЛЕДБЕНИЦИ НА СЛОВЕНСКАТА ПРОСВЕТА И БОГОСЛУЖБА И СОГЛЕДУВАЊЕ КАДЕ Е ОСНОВАТА НА САМОСТОЈНАТА СЛОВЕНСКА ПРОСВЕТА,КНИЖЕВНОСТ И БОГОСЛУЖБА , ОСНОВАТА НА СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРА .
ЕДЕН ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ УЧЕНИЦИ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ Е СЕКАКО КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ КОЈ ДОСЛЕДЕН НА СВОИТЕ УЧИТЕЛИ , ГО ПРОДОЛЖИЛ СО УСПЕХ НИВНОТО ДЕЛО.ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ И КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА , ОСНОВАЧ НА ПРВИОТ СЛОВЕНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ОХРИД,ПРВ ОРИГИНАЛЕН СЛОВЕНСКИ ПИСАТЕЛ ЗА КОГО ПОСТОЈАТ НЕПОБИТНИ ДОКАЗИ.ПРВ СЛОВЕНСКИ ЕПИСКОП,ПРОСВЕТИТЕЛ, -ПАТРОН НА ОХРИД И ЗАШТИТНИК,ЧИЕ ИМЕ И ДЕЛО ГИ ОДБЕЛЕЖУВАМЕ НА 8 ДЕКЕМВРИ.
ТОЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА МЕСТОТО И ГОДИНАТА НА РАЃАЊЕ НА КЛИМЕНТ НЕМА.НЕМА ПОДАТОЦИ ЗА СЕМЕЈСТВОТО И ПОТЕКЛОТО , ОСВЕН ДЕКА БИЛ ЗАКОПАН НА 27 ЈУЛИ 916 ГОДИНА ВО МАНАСТИРОТ НА ПЛАОШНИК ВО ОХРИД ,ШТО САМ ГО ИЗГРАДИЛ И ГО ПОСВЕТИЛ НА СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН.ПОДОЦНА МОШТИТЕ МУ БИЛЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО ЦРКВАТА СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТА КОЈА ОТТОГАШ Е НАРЕКУВАНА СО НЕГОВОТО ИМЕ.МОШТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ВРАТЕНИ ВО АВГУСТ 2002 ГОДИНА ПО ОБНОВАТА И ОСВЕТУВАЊЕТО НА НЕГОВИОТ МАНАСТИР.ПО ПРЕТПОСТАВКИТЕ ДЕКА ПОЧИНАЛ НА 70-80 ГОДИНИ,ДОАЃАМЕ ДО ПРЕТПОСТАВКИТЕ ДЕКА Е РОДЕН ОКОЛУ 30-ТАТА ИЛИ 40-ТАТА ГОДИНА НА 9 ВЕК.
ПОВЕЌЕ ПОДАТОЦИ ЗА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СЛЕДИМЕ ОД МОРАВСКАТА МИСИЈА НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ, ЗА ВРЕМЕ НА ОВАА МИСИЈА , А И ПОТОА.КЛИМЕНТ ИМ ПОМАГАЛ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО НИВНАТА РАБОТА МЕЃУ СЛОВЕНИТЕ ВО МОРАВИЈА И ПАНОНИЈА И ВО БОРБАТА ЗА ОДБРАНА НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ ОД НАПАДИТЕ НА ЛАТИНО-ГЕРМАНСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ.
ЗАЕДНО СО УШТЕ ДВАЈЦА УЧЕНИЦИ БИЛ РАКОПОЛОЖЕН ЗА СВЕШТЕНИК ВО РИМ.СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА МОНАШКОТО ИМЕ КЛИМЕНТ ГО ДОБИЛ ВО ЧЕСТ НА ОТКРИВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА ПАПАТА КЛИМЕНТ КОЈ УМРЕЛ ВО ПРОГОНСТВО НА КРИМ.ПО СМРТТА НА СВОИТЕ СВЕТИ УЧИТЕЛИ ,ПОД ПРИТИСОК НА ГЕРМАНСКИТЕ СВЕШТЕНИЦИ , СО ГОРАЗД,НАУМ,АНГЕЛАРИЈ ИСАВА ,ЗАЕДНО НАРЕЧЕНИ ПЕТОЧИСЛЕНИЦИ ,ОД МОРАВИЈА ТРГНАЛЕ НА ЈУГ ,НАЈНАПРЕД ВО БУГАРИЈА ,А ПОТОА КЛИМЕНТ ДОШОЛ ВО ОХРИДСКИОТ КРАЈ ЗА ДА ГО УЧИ СВОЈОТ НАРОД НА БОЖЈИТЕ ВИСТИНИ.ПРВО ОСНОВАЛ МАНАСТИР ВО БЕЛИЦА ,КАДЕ ШТО МУ БИЛО И ПРВОТО ЕПИСКОПСКО СЕДИШТЕ.ПОДОЦНА СЕ ПРЕСЕЛИЛ ВО ОХРИД И РАЗВИЛ ГОЛЕМА АРХИПАСТИРСКА И ПРОСВЕТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ ЗА БЛИСКАТА И ПОДАЛЕЧНАТА ОКОЛИНА.БИЛ НЕУМОРЕН,ОДЕЛ ОД СЕЛО ДО СЕЛО,ОД ГРАД ДО ГРАД И НА РАЗБИРЛИВ НАРОДЕН ЈАЗИК ГО ПРОГОНУВАЛ МРАКОТ ОД УМОТ И СРЦАТА НА СВОИТЕ СОНАРОДНИЦИ.ОБЛАСТА КУТМИЧЕВИЦА ВО КОЈА ДЕЛУВАЛ КЛИМЕНТ НЕ Е ПОЗНАТА ВО ДЕНЕШНАТА ТОПОНИМИЈА НА БАЛКАНОТ , НО СПОРЕД ДРУГИТЕ ТОПОНИМИ КОИ СЕ СРЕТНУВААТ , СЕ РАБОТИ ЗА ДЕНЕШНОТО ТРОМЕЃЕ НА МАКЕДОНИЈА,ГРЦИЈА И АЛБАНИЈА.
ВО БОГАТАТА И РАЗНОВИДНА ДЕЈНОСТ НА КЛИМЕНТ СПАЃА И ГРАДБАТА НА НЕКОЛКУ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ КОИ СТАНАЛЕ ЦЕНТРИ НА СЛОВЕНСКАТА КУЛТУРА ,КАКО И УЧИЛИШТАТА , МЕЃУ КОИ НА ПРВО МЕСТО Е ОХРИДСКАТАКНИЖЕВНА ШКОЛА ИЛИ ТАКАНАРЕЧЕНИОТ КЛИМЕНТОВ УНИВЕРЗИТЕТ ВО КОЈАШТО ОБРАЗОВАНИЕТО БИЛО ПОСТАВЕНО НА ШИРОКА ОСНОВА.СПОРЕД ЖИТИЕТО НА ТЕОФИЛАКТ,КЛИМЕНТ ИМАЛ 3 500 УЧЕНИЦИ КОИ ГИ ОСПОСОБУВАЛ ЗА ЦРКОВНА БОГОСЛУЖБА.ПРОСВЕТИТЕЛСКО-ЦРКОВНАТА АКТИВНОСТ НА КЛИМЕНТ ТАМУ ТРАЕЛА СЕДУМ ГОДИНИ.КЛИМЕНТ ГО ПОДУЧУВАЛ МЕСНОТО НАСЕЛЕНИЕ И ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ,ВО КАЛЕМЕЊЕТО НА ДИВИ ОВОШКИ,ПРИПИТОМУВАЊЕ НА ЖИВОТНИ , А И ГО ЛЕКУВАЛ ОД НЕКОИ БОЛЕСТИ.ВО ОХРИДСКАТА КНИЖЕВНА ШКОЛА ДОСЛЕДНО ГО ЧУВА ДЕЛОТО НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ,СЕ УПОТРЕБУВА ГЛАГОЛИЦАТА И ВЕРНО СЕ ЧУВА ЈАЗИКОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ.
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ПРЕВЕДУВАЛ ЦРКОВНА ЛИТЕРАТУРА.ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ РАБОТЕЛ НА ПРЕВОДОТ НА „ЦВЕТНИОТ ТРИОД “ ОД ГРЧКИ НА СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК.ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МЛАДАТА СЛОВЕНСКА ЦРКВА ВО МАКЕДОНИЈА НАПИШАЛ ОКОЛУ ПЕДЕСЕТ ПОУЧНИ (ПРАЗНИЧНИ ) И ПОФАЛНИ СЛОВА.ЗА ЕДНА ТРЕТИНА СИГУРНО СЕ ЗНАЕ ДЕКА СЕ НЕГОВИ ДЕЛА БИДЕЈЌИ СЕ ПОТПИШАНИ СО НЕГОВОТО ИМЕ.ПОГОЛЕМИОТ ДЕЛ,ПОРАДИ СКРОМНОСТА ВООБИЧАЕНА ЗА ПИСАТЕЛИТЕ ОД ТОА ВРЕМЕ,КЛИМЕНТ НЕ ГИ ПОТПИШАЛ СО СВОЕ ИМЕ , НО ПО СТИЛОТ СЕ ЗАКЛУЧУВА ДЕКА И ТИЕ ПРОИЗЛЕГЛЕ ОД НЕГОВАТА РАКА.СЕ ПРЕТПОСТАВУВА И ДЕКА Е АВТОР НА ЖИТИЈАТА НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ,ПОЗНАТИ КАКО „ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ“ ОД КОИ СЕ ПРОУЧУВА НИВНИОТ ЖИВОТ И ДЕЛО ИЛИ БАРЕМ НА ЕДНО ОД НИВ.
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СЛОВАТА ГИ ДРЖЕЛ ВО ВИД НА ГОВОР СО ШТО СЕ ЈАВУВА И КАКО ОРАТОР,ПОТОА НЕГОВИТЕ УЧЕНИЦИ ГИ ПРЕПИШУВАЛЕ И ГИ ШИРЕЛЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ.СО СЛОВАТА СЕ ЈАВУВА КАКО ПРВ ОРИГИНАЛЕН СЛОВЕНСКИ ПИСАТЕЛ.ЌЕ СПОМНЕМЕ САМО ДЕЛ ОД НИВ:ПОХВАЛА НА КИРИЛ ФИЛОЗОФ,ПОХВАЛА НА СЛОВЕНСКИТЕ УЧИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ,ПОХВАЛНО СЛОВО НА БЕСТЕЛЕСНИТЕ МИХАИЛ И ГАВРИЛ,ПОХВАЛНО СЛОВО ЗА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ЛАЗАР,БЕСЕДА ЗА БЛУДНИОТ СИН,ПОХВАЛА НА ПРОРОКОТ ЗАХАРИЈ И СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ,СЛОВАТА ПОСВЕТЕНИ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА,СЛОВАТА ПОСВЕТЕНИ ЗА НАСТАНИТЕ ОД ЖИВОТОТ НА ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС И ДРУГИ.
ПОУЧНИТЕ СЛОВА ГИ НАПИШАЛ НА ЕДНОСТАВЕН СТИЛ И БИЛЕ НАМЕНЕТИ ЗА БОГОМОЛЦИТЕ,ПА ЗАТОА СЕ ЛЕСНО РАЗБИРЛИВИ.ПОФАЛНИТЕ СЛОВА БИЛЕ НАМЕНЕТИ ЗА ПОУЧЕНИТЕ ЛУЃЕ И СЕ НАПИШАНИ НА ПОВИСОК СТИЛ КОЈ ИМА ПРЕТЕНЗИИ НА УЧЕНОСТ,ДУРИ И НА НАУЧНОСТ ,ЗАШТО ВО СЕБЕ СОДРЖАТ И МИСЛИ НА АВТОРОТ ЗА ПООДЕЛНИ ДОГМИ НА ХРИСТИЈАНСКАТА РЕЛИГИЈА.НЕКОИ ОД НИВ ЗВУЧАТ ДУРИ И КАКО ХИМНИ.
ПРЕД ДА УМРЕ, СВОЈОТ ИМОТ-КНИЖЕВНИТЕ ДЕЛА ,КЛИМЕНТ ГИ ПОДЕЛИЛ И ЗАВЕШТАЛ НА ЕПИСКОПИЈАТА И НА СВОЈОТ МАНАСТИР.
КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Е ЗАШТИТНИК НА ОХРИД.СПОРЕД ПРЕДАНИЈАТА , ТОЈ ГО СПАСУВАЛ ГРАДОТ И НЕГОВИТЕ ЖИТЕЛИ СЕКОГАШ КОГА БИЛЕ ВО НЕВОЛЈА.СВЕТИ КЛИМЕНТ Е ЗАКРИЛНИК И ПАТРОН НА ЦЕЛИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД НИЗ НЕГОВАТА ИСТОРИЈА.ТОЈ Е ПАТРОН НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА БОГОСЛОВИЈА И БОГОСЛОВСКИОТ ФАКУЛТЕТ,КАКО И НА ГОЛЕМ БРОЈ НАУЧНИ И ПРОСВЕТНИ ИНСТИТУЦИИ ВО НАШАТА ЗЕМЈА.НЕМУ МУ СЕ ПОСВЕТЕНИ И ГОЛЕМ БРОЈ НОВОИЗГРАДЕНИ ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ПОВЕ-ЌЕ ЗЕМЈИ КАДЕ ИМА МАКЕДОНЦИ.
ОПШИРНОТО ЖИТИЕ НА КЛИМЕНТ ИЗРИЧНО КАЖУВА ДЕКА ТОЈ НАЈМНОГУ САКАЛ ДА ПРЕСТОЈУВА ВО ОХРИД.ЈА ЉУБЕЛ УБАВИНАТА НА СВОЈОТ МАНАСТИР „ЗА КОЈ ТАГУВАЛ КОГА СЕ ОДДАЛЕЧУВАЛ НЕКАДЕДРУГАДЕ “.ДЕЈНОСТА НА КЛИМЕНТА И НЕГОВИТЕ СОРАБОТНИЦИ ЈА ЗАЦВРСТИЛА СИЛНО КУЛТУРНАТА УЛОГА НА ОХРИД.ОХРИД , А И СИТЕ НАШИ КРАИШТА МУ СЕ ОДДОЛЖУВААТ НА КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ СО ТОА ШТО СЕКОГАШ ,ДУРИ И ВО НАЈТЕШКИТЕ ВРЕМИЊА,ГО ЧУВАЛЕ И ГО ЧУВААТ ЖИВ СПОМЕНОТ ЗА НЕГО , ДА НЕ СЕ ЗАГУБАТ ТРАГИТЕ ОД НЕГОВАТА ДЕЈНОСТ.
ТАТЈАНА ДУРНЕВА, професор по македонски јазик и литература од Охрид
Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ од Њујорк беше запрашан дали поканата која ја добил за присуство на настанот од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамнп во Вашингтон била добиена „по приватни канали“ и скапоплатена од специјализирана агенција, или пак ја добил официјално по иницијатива од САД. Вели поканата не е најважното нешто, туку инвестиции во Македонија кои таа посета ќе ги донесе. Според него допрва ќе бидат објавувани кои се бенифициите за земјата од посетата на САД.
-Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи.
Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место – прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека во ВИП-просторот го следел настанот заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, и со сопственикот на НБА-клубот Шарлот Хорнетс, кој како што рече тој, е милијардер кој се бавел со продажба на недвижнини.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која ја информираше за економските состојби и очекувања, согласно макроекономските проекции на Народната банка.
На средбата беше констатирано дека ценовната и финансиската стабилност се темелите на здравата економија, во која инвестициите и бизнисите можат да напредуваат и дека без нив економијата е чувствителна на шокови коишто го нарушуваат растот и ја намалуваат довербата на јавноста во финансиските системи. Во таа насока, беше истакнато дека преку политиките и мерките на Народната банка за задржување на ценовната и финансиската стабилност, се обезбедува одржлив економски раст.
Имајќи ја предвид клучната улога на Народната банка во заштитата на овие фундаменти, како суштински за создавање на стабилна и предвидлива средина за бизнисите, инвеститорите и домаќинствата, претседателката Сиљановска-Давкова изрази поддршка на нејзината посветеност за одржување на здрави монетарни и финансиски политики, отпорна економија и просперитетна иднина.
На средбата, гувернерката посочи дека просечната инфлација во 2024 година беше 3,5%, што е во согласност со проекциите на Народната банка, а се очекува намалување на околу 2,5% во 2025 година и враќање на историскиот просек од 2% на среден рок. Во однос на економскиот раст, се предвидува умерено забрзување, односно закрепнување на економската активност. Економијата ќе биде поддржана со кредитна активност, натамошно проширување на депозитната база и со стабилен банкарски систем. Сепак, поради постојните ризици од особена важност е да се водат внимателни макроекономски политики. Во таа насока, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка ќе продолжи со спроведување на добро осмислени политики, коишто ќе обезбедат долгорочна макроекономска стабилност и ќе гарантираат одржлив економски раст.
Соговорничките разменија мислења и за можните влијанија на глобалните економски случувања и геополитиката врз македонската економија, причините за чувствителноста на надворешни шокови, факторите што влијаат врз зголемување на странските директни инвестиции, како и за неопходните мерки за фискална консолидација.
Во разговорот беше изразено очекување дека Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија ќе има позитивно влијание врз економијата и спроведувањето на Реформската агенда на државата.
На крајот, гувернерката ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова со нивните напори и заложби за што е можно побрзо вклучување на државата во Европската област за плаќања во евра (СЕПА) со цел зголемување на ефикасноста на плаќањата во еврa и натамошен развој и интегрирање во заедничкиот европски пазар.
Полициски службеници од СВР Куманово утринава привеле 28-годишен жител на селото Отља, општина Липково, затоа што ограбил таксист.
„Тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возач од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља. Разбојникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.