Connect with us

Скопје

Скопјанец со најхумана акција: Преостанатата ХРАНА од славите и прославите да се даде на оние на кои им е потребна

Published

on

Колеги,пријатели,другари во ек се куќни слави,предновогодишни,новогодишни и посленовогодишни прослави за кој знам дека сакате и приготвувате храна во обилни количини секој според можностите.
Преостанатата храна доколку сте во можност ставете ја во некои пластични садови со капак (пример кутија од сладолед) бидејки кесите се скапи и јавете се на бројот 070795144 после 17 часот би дошле со возило до вашиот дом и ке се раздели храната на луѓето кој што ги гледаме секојдневно на улиците низ Скопје.
Да не ја тргаме главата на страна. Да направиме сите едно добро дело – пишува Драган во својата објава на Фејсбук.

Тимот на Булевар ја подржува хуманата акција на овој скопјанец, да не ја вртиме главата на страна да им помогнеме на оние кои немаат.

Можете да го контактирате Драган на телефонскиот број оставен за контакт.

Скопје

По еден месец неизвесност – пронајдено исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје!

Published

on

policija

14-годишно девојче, кое речиси еден месец се водело како исчезнато, вчера било пронајдено во населбата Шуто Оризари, соопшти полицијата. По девојчето се трагало од 13 февруари.

„На 10.03.2025 во 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле А.М.(14) од Скопје, за која на 13.02.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом. Таа била предадена на нејзиниот старател“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Скопје

Без струја утре делови од неколку скопски населби

Published

on

Без струја утре ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по информација добиена од „ЕВН Македонија“ АД.

Во периодот од девет до 12 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населба Морани, Општина Студеничани.

Во општина Аеродром, од девет до 13 часот, дел од улицата „Архитект Сотир Томовски“. Во истиот период и дел околу улицата „Ѓорѓи Андреевски Кун“.

Исто така од девет до 13 часот, без струја ќе биде и дел од улицата „Ѓоро Малешевец“ во Општина Кисела Вода.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Новата градинка „Верверичка“ во завршна фаза

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, денеска изврши увид во градежните активности на новата детска градинка „Верверичка“, која е во завршна фаза.

Оваа модерна градинка, лоцирана во населбата 11 Октомври Згради, ќе има капацитет за над 110 деца и ќе се простира на 525 квадратни метри. Во објектот ќе бидат сместени четири занимални, како и поголема сала за приредби и свечености. Според динамиката на градба, градинката треба да биде завршена до мај оваа година.

„Кога започнавме со работа, во Кисела Вода имавме над 400 деца кои чекаа за упис во градинка. Денес, речиси и да нема, благодарение на новите градинки што ги отворивме и проширувањето на постојните капацитети“, изјави Ѓорѓиевски.

Во изминатите три години, во општината се направени интервенции во вкупно девет објекти. Со изградбата на градинката „Верверичка“, како и со новите капацитети во Расадник и Потстаница, Кисела Вода е на пат целосно да ја елиминира листата на чекање за упис во градинка.

„Мојата визија е јасна – за секое дете во општината да има место во градинка. Овие проекти, заедно со инвестициите во опремувањето на градинките, ќе овозможат квалитетни услови за креативен и стимулативен развој на најмладите“, истакна Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк