Србија во шок: Се самоуби позната 21 годишна јутуберка

Познатата српска јутуберка Кристина Кика Ѓукиќ постана позната на Јутуб, а бидејќи повеќе не можеше да го издржи притисокот на јавноста, младата девојка се самоубила, пишуваат српските портали.

Како што пишува Ало.рс Кика се самоубила.

Нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ  ги потврди овие пишувања.

На наша голема жалост морам да ве известам дека Кика оивеќе не е меѓу нас. Сакам да изразам сочувство до нејзиното семејство и сите кои ја сакаа и ја познаваа..Кика те сакам засекогаш.

Кристина е родена на 25 јули во Белград.

Тажната вест ја потврди и нејзината мајка на „Инстаграм“.„Со огромна болка ве информирам дека вчера почина мојата Кика. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша Наташа Ѓукиќ.