Connect with us

Македонија

Ивановска за несреќата во Бугарија: За 50 евра ни отидоа 50 луѓе!

Published

on

Претседател на Антикорупциска, Билјана Ивановска во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ говореше во врска со несреќата во Бугарија во која загинаа 45 лица.

Како што додаде таа, треба да се работи на зајакнување на интегритетот кај сите службени лица, чесно да се работи работата.

„Ние одржавме јавна дебата по повод прашањето за Беса Транс, односно доделување на лиценци и дозволи во делот на транспортот. Значи главните заклучоци од таа дебата беа дека постои законска регулатива значи дизајнирана за контролниот систем меѓутоа не се почитува. Значи кај се луѓето кои што ја доделиле лиценцата, кај се луѓето што направиле контрола, па вчера на КОД видовме дека автобусот воопшто не бил нов туку бил репариран.За 50 евра 50 луѓе отидоа, мислам нема логика. Животот на луѓето и нашето здравје е многу поскапо. Што прават сега тие луѓе, никаде ги нема, сенка нема од нив“, нагласи Ивановска.

Македонија

Драма во Тетово: Физички напад со дрвени предмети и кражба на клуч од возило!

Published

on

„На 20.12.2024 во 22.25 часот во ПС Тетово биле задржани А.Р.(23) и А.Р.(43), двајцата од Струга, и Г.В.(48) од с.Велешта, кои во 16.35 часот биле лишени од слобода од полициски службеници од ПС Кичево, постапувајќи по пријава од А.Н. од Тетово дека тие физички го нападнале во близина на градскиот стадион во Тетово, а, според пријавеното, при нападот користеле и дрвени предмети и противправно му го одзеле клучот од неговото возило. Случајот се документира и против нив ќе следува соодветен поднесок.“

Continue Reading

Македонија

СИТЕ СЕ ЗДОБИЛЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ Тешка сообраќајка

Published

on

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

Возачите и сопатниците од две возила кои се судриле вчера на патот с.Стубол-с.Барберево кај Пробиштип се здобиле со тешки телесни повреди. МРВ информира дека несреќата била пријавена во 14:45 часот.

„На место викано „Црвен Чукар“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(23) од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.Л.(55) од с.Горно Барбарево, пробиштипско“, стои во полициското соопштение.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот О.Л. и неговиот сопатник Б.П., додека со телесни повреди другиот сопатник И.Ј., како и возачот К.Т. и неговиот сопатник Н.Ј.

„Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Пробиштип и Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип“, соопшти МВР.

Continue Reading

Македонија

„АУДИ“ ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ Возачот се здобил со тешки повреди

Published

on

Возило „ауди“ синоќа излетало од магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот.

„Вчера во 02.31 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица-Кочани, патничко возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од О.В.(25) од Македонска Каменица, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк