Камион во Белград ПОТОНА во огромна ДУПКА на сред пат (Видео)

Поради пукање на улична водоводна цевка во Костолачката улица во Белград, пропадна камион за достава, јави РТС. Реки со каллива вода се слеваат кон Кумодрашка улица низ која поминуваат 4 линии од градскиот превоз. Возачот на камионот, кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а за РТС раскажа дека не бил свесен што му се случило.

-Возев полека, а камионот одеднаш потона, не знаев што ме снајде. Соседите рекоа дека пријавиле дефект во „Водовод“, но никој не дошол, а јас поминав тука прв“, рече возачот.

Тој додаде дека не знаел како излегол од пропаднатиот камион со оглед на тоа што инцидентот се случил рано утрово околу 4.30 часот.

-Бев сам, а беше мрак, камионот само потона, рече тој.

Дефектот на водоводната цевка на улицата е пријавен вчера околу 2 часот, но никој не реагира. Екипите од „Водовод“ утрово дошле на терен, но само констатирале дека тие не се надлежни за тоа и требало да се вклучи друга екипа.

YouTube video player