Connect with us

Балкан

Maкедонецот Ивановски го „контролирал“ стадионот на Партизан – ги следел и измачувал противниците на Веља-Невоља

Официјално е  потврдено дека Македонецот Филип Ивановски учествувал во поседување, препакување и дистрибуција на наркотици во групата на Веља невоља.

Тој бил задолжен за набљудување на движењето на организаторите на групата при пристигнување и заминување во просториите на ресторанот на стадионот на Партизан и во помошните простории на стадионот на улицата Хумска, кои групата ги користела.

Ивановски имал за задача  насилно да  го киднапира , мачи и да изнуди информација кога и по чија наредба лицето го прави тоа.

Обвинетиот Ивановски се товари дека бил дел од група која на 08.08.2020 година во просториите на стадионот започнала тридневна тортура врз млад човек, кого со телефон го виделе пред ресторан на јужната трибина од стадионот.

Го однеле во градината на ресторанот кој го користела исклучиво криминална група, каде го претепале и го принудиле да каже зошто ги следи и снима. Му го украле телефонот, ја прегледале целата содржина и го обвиниле дека е „кодош“ кој ги следи за да ги информира ривалите. Три дена го држеле заклучен и врзан, го тепале, му се заканувале со нож дека ќе го убијат.

Соседите пак велат дека Филип бил добро момче но оти биле зачудени од неговото често менување на скапи автомобили..

Жителите на Панчево велат оти се шушка за станот во кој сега е неговата сопруга, дека е подарок од Беливук.

Неговата невенчана сопруга Марија, со која има две деца, е уапсена во четвртокот во нивниот стан во Панчево, а по распитот била пуштена да се брани од слобода. Според сомнежите, таа за оваа криминална група перела пари со тоа што на нејзино име купувала одреден вреден недвижен имот.

Според информациите до кои дојде „Блиц“ таа пред врската со Ивановски била келнерка во кафуле и важела за фина девојка во градот.

Балкан

(ВИДЕО) Автомобил „полета“ над кружен тек – дијабетска криза ја предизвикала несреќата

Тешка сообраќајна несреќа се случи во Романија кога возач на „мерцедес“ ја изгуби контролата врз автомобилот и буквално прелета над две возила на кружен тек.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи јасно се гледа дека автомобилот возел со голема брзина, ја пресекол кружницата и „полетал“ над другите возила пред да удри во столб на надзорна камера и да застане на зелена површина покрај блиска бензинска пумпа.

Возачот, 55-годишен маж, останал заробен во автомобилот, но спасувачите успеале да го извлечат. Тој претрпел само полесни повреди и е однесен во болница на контрола, без потреба од хоспитализација.

Тестовите покажале дека не консумирал алкохол или дрога, а причината за несреќата е дијабетска криза која го спречила да реагира додека возел.

Continue Reading

Балкан

Аеродромот Сараево без раководство: Судски мерки и истечени мандати го парализираа управувањето

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се соочува со целосен управувачки застој, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја извршува функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, пренесува Истрага.

Ситуацијата дополнително се усложни бидејќи тројца од петте членови на Надзорниот одбор добија забрана за вршење должност, што значи дека ова тело нема кворум и не може да свика седница ниту да назначи ново в.д. раководство.

Вчера, по предлог на специјалниот истражен тим ПОСКОК, Судот изрече забрани за Рамезиќ и членовите на Надзорниот одбор Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ. Истовремено, Владата на ФБиХ донесе одлука со која даде претходна согласност за продолжување на мандатите на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Но, забраната за Рамезиќ веднаш ја блокираше можноста тој повторно да биде именуван, а без кворум, Надзорниот одбор не може ниту формално да донесе одлука за продолжување на мандатите.

Според истрагата на ПОСКОК, постои основано сомнение дека Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор ја злоупотребиле службената положба за да извршат измени во Статутот на претпријатието со цел да му овоможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Комбинацијата од судски мерки, административни забрани и истечени мандати го оставија Аеродромот Сараево без легитимно раководство, со неизвесност како и кога ќе биде надмината институционалната блокада.

Continue Reading

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг