Connect with us

Скопје

Почна пријавувањето за традиционалната „Трка на дедомразовци“ во Скопје

Published

on

Почна пријавувањето за традиционалната Coca-Cola Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град, а која ќе се одржи во недела на 26 декември.

Пријавувањето се одвива преку веб-страницата www.prvdovrv.mk.

– Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Учеството во трката чини 400 денари, а за првите 200 пријавени следува целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада, велат од Здружението за спорт и рекреација Прв до врв.

За победниците, како што посочуваат, се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.

Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира Здружението Прв до врв, со поддршка на Coca-Cola и градот Скопје. 

Скопје

Утре Зоолошка градина во Скопје се отвора за посетители

Published

on

Од утре скопската Зоолошка градина повторно ќе биде отворена за посетители по 21-дневна пауза, бидејќи беше затворена поради регистриран случај на птичји грип кај угината гуска во Градски парк.

За време на затворањето, вработените продолжиле да се грижат за животните и да ги чистат нивните живеалишта. Агенцијата за храна и ветеринарство утврди дека Зоолошката не постапила според законските процедури за пријавување на зараза по што на терен беа убиени 24 птици.

Од Зоолошката, пак, обвинуваат за незаконски упад и масакр врз птиците, што го сметаат за незаконска акција без соодветни докази. Добрата вест е дека сите тестирани вработени и граѓани кои побарале тестови за птичји грип имаат негативни тестови на вирусот, што значи дека заразата не се пренела на луѓе.

Зоолошката градина сега се враќа во нормален режим на работа и ги повикува граѓаните да уживаат во есенската атмосфера заедно со животните.

Continue Reading

Скопје

Арсовска го пријави новинарот Ландов во полиција, и ја загрозувал сигурноста

Published

on

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска го пријавила новинарот Кристијан Ландов во полициска станица поради загрозување на сигурноста. Оваа вест ја сподели самиот Ландов во вчерашниот подкаст „ Претрес“.

“Новинар и ја загрозува сигурноста на Данела Арсовска. Од што се исплаши Данела Арсовска, од прашањата, од тоа и се крие. Нека дојде да каже зошто Скопје се наоѓа во ваква состојба каква што е. Но едно е сигурно на јавноста и се должат многу одговори“, кажа Ландов

Ландов го објави и видеото за кој тој вели дека е причина за пријавата во полиција. На него се гледа како службеното возило на Арсовска заедно со нејзинот шофер се возат надвор од работното време за приватни цели.

„Арсовска пријавила дека сум ја следел од пред град Скопје по булеварот „ Илинденска“ . Да не не смеам да се движам, таму каде што се движи Арсовска? Да не сум и се заканил?. Овие обиди за заплашување нема да поминат и ќе бидеме гласот на народот“, посочи Ландов.

Continue Reading

Скопје

Земјотрес повторно ги разбуди скопјани – епицентар на само 8 километри од градот!

Published

on

Рано утринава, во 5 часот и 49 минути, земјотрес со јачина од 2.4 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Скопје. Епицентарот бил на само 8 километри од градот, на длабочина од исто толку километри, што предизвика жителите од повеќе скопски населби да го почувствуваат потресот и да се разбудат од сон. За среќа, нема информации за материјални штети, но овој земјотрес повторно ги потсети скопјани на сеизмичката активност во нивниот регион.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк