Специјалниот претставник на Владата за преговорите со Бугарија, Владо Бучковски во Тема на денот во Дневникот на Сител смета дека предлозите на бугарскиот премиер Кирил Петков се добра основа.
-На средбата на работните групи ќе можеме да покажеме дека сме направиле повеќе од Бугарија во инфраструктурата. Локвенец ја договори динамиката во изградбата на пругата со Бугарија. Го правиме експресниот пат и се прошири патот од Крива Паланка до границата. Имаме многу проекти во културата, а во економијата можеме повеќе. Имаме нов предизвик и не се предаваме, констатира Бучковски.
Според него, премиерот Зоран Заев треба да остане на функцијата, „затоа што тој може да биде дополнителна гаранција на она што ќе го договориме со Петков“.
-Факт е дека новата бугарска влада наследи проблеми од претходниците. Мојот оптимизам почива на 5-те точки од нивната позиција. Бугарија инсистира на Република Македонија, а не на Македонија, вели Бучковски и додава дека „промената на историските учебници е предвидена според Договорот“.
-Во Договорот е пишано. Тенденцијата е дека тие ќе бидат хармонизирани, не само кај нас, туку и во Бугарија. Сметам дека ќе влеземе во ЕУ со хармонизирани учебници. Историската комисија работи за иднината и генерациите, потенцира специјалниот претставник на Владата.