Connect with us

Скопје

Градоначалникот Ѓорѓиевски посвои куче од Лајка (Видео)

Published

on

Лиска доби дом. Ова некогаш напуштено кученце, од денес ќе биде згрижено од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Кученцето го донесе новиот директор на ЈП Лајка, Војислав Димитровски, со кој градоначалникот имаше работна средба. Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалување на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега, беа главните теми на кои разговараа соговорниците.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека до Општината често пристигнуваат пријави за бездомни кучиња и изрази надеж дека двете институции ќе изнајдат заедничко решение кое ќе значи добросостојба и за жителите на Кисела Вода, но и за уличните животни.

Директорот на ЈП Лајка, Димитровски информираше дека само во изминатата година од територијата на општина Кисела Вода се направени 148 налози за заловување на кучиња и дека тој интензивно работи на надминување на овој проблем. Ќе се оствари соработка со скопските здруженија за заштита на животните, со општините, со Град Скопје, како и со сите други релевантни институции и добронамерни граѓани, со цел кучињата да се заловат, потоа да се третираат и стерилизираат и на крај да се вдомат во семејство каде ќе бидат сакани. За почеток, во овој прв период се работи на вдомување на кучињата коишто се заостанати во прифатилиштето, со цел да се отвори капацитетот на прифатилиштето за што поголем број на кучиња скитници-потенцираше Димитровски.

Од денес, Лиска ќе добива љубов, грижа и нега во семејството на градоначалникот Ѓорѓиевски. Таа беше едно од 40-тината кучиња кои се подготвени за вдомување во „Лајка“ и чекаат да добијат дом.

Општина Кисела Вода ги повикува сите љубители на животни дека доколку сакаат да вдомат куче, можат да аплицираат на vdomi@lajka.com.mk. Апелираме и до сите наши жители, доколку забележите агресивно куче во своја близина, пријавете на prijavi@lajka.com.mk.

Воедно, информираме дека оваа сабота, со почеток во 14 часот, ќе се одржи заедничка дружба во Цреша Бар (ул.Иван Милутиновиќ бр 8, Скопје), со цел собирање донации за помош и заштита на бездомните кучиња од прифатилиштето на Лајка. Потребни се ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, креветчиња,прашаци за перење и универзални средства за чистење.

Скопје

Скандал во Скопје: Дрифт собир со 300 возила за време на ден на жалост!

Published

on

Додека цела земја тагува по трагедијата во Кочани, група несовесни граѓани организирале дрифт настан со над 300 возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“, притоа пријавувајќи „снимање спот“. Настанот резултирал со десетина судари и материјална штета.

Директорот на спортскиот центар, Данијел Апостолоски, жестоко реагираше, истакнувајќи дека не дал дозвола за ваков настан и дека вакво нешто никогаш нема да дозволи. Благодарение на брзата интервенција на МВР и ПС Карпош, собирот бил прекинат.

„Апелирам до сите граѓани да ги почитуваме деновите на жалост и да покажеме човечност. Жртвите и нивните семејства заслужуваат спокој и почит“, напиша Апостолоски во својата објава.

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Скопје

Додека копале темели за нова зграда во Скопје, ја забетонирале и канализацијата !!!

Published

on

На улицата Мирче Оровчанец во центарот на Скопје, во близина на Универзална сала, затната е фекалната канализација бидејќи градежник додека градел зграда ја забетонирал цевката за фекалии. Градежникот додека ја правел јамата и копал за поставување на армирано бетонски колови, т.н. шипови, ја погодил цевката за канализација. Потоа додека полнеле со бетон, ја наполниле и цевката и таа е забетонирана. Сега фекалиите од останатите згради и куќи на улицата не можат да течат низ цевката и преку клозетските шолји ќе им се враќаат во домовите.
Сдк.Мк

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Поддршка за бизнисот и инвестициите низ целата држава

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. На средбата се разговараше за клучни теми како децентрализацијата, инвестиционата активност на општините и поддршката на бизнисот.

„Стопанската комора на Македонија ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во насока на остварување на раст од 4%, градењето на правна држава и почитувањето на принципите на пазарната економија,“ истакна Азески.

Ѓорѓиевски го информираше претседателот за активностите на општината, при што беше нагласена важноста на создавање поволна бизнис-клима, елиминирање на пречките за инвеститорите и поддршка на компаниите кои отвораат нови работни места и водат сметка за еколошките стандарди.

„Продолжуваме со активности за економски раст, подобрување на условите за бизнисите и развој на општините,“ порача Ѓорѓиевски.

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк