Историски момент – Сондата на НАСА во атмосферата на Сонцето (Фото и Видео)

Соларната сонда „Parker“ на американската агенција за вселенски истражувања NASA влезе во сончевата атмосфера.

Сондата прелетала низ Сончевата корона, горниот слој од атмосферата на ѕвездата, собирајќи тамѕ честички и податоци за магнетните полиња, соопшти NASA нарекувајќи ја оваа пресвртница „џиновски скок за соларната наука“.

„Допирот на Сонцето со соларната сонда на Parker е монументален момент за соларната наука и навистина извонреден подвиг. Не само што оваа пресвртница ни овозможува подлабок увид во еволуцијата на нашето Сонце и неговото влијание на нашиот Сончев систем, туку и сѐ уште ќе го научиме за нашата ѕвезда, исто такам нѐ учи повееќе и за ѕвездите во остатокот од космосот“, изјави Томас Зарбахен, од Управата за научни мисии на NASA.

Агенцијата објави дека „Parker“ ги пронашол вистинскиет услови за влегување во соларната атмосфера на 18,8 соларни радиуси, или околу 1,3 милиони километри над сончевата површина во текот на својот осму прелет над Сонцетот на 28-ми април, а минувањато траело неколку часа.

„Очекувавме дека, порано или подо на, ќе наидеме на короната барам накусо. Но многу е возбудливо што тоа веќе го достигнавме“, вели Џастин Каспер, главен автор на новата студија за овој истражување објавена во стручниот магазин Physical Review Letters.

Сондата продолжува спирално да му се приблужува на Сонцето, а на крајот ќе се приближи на 8,86 соларни радиуси од површината, соопшти NASA. Во нејзиниот следен прелет, кој се очекува во јануари 2022 година, сондата „Parker“ веројатно повторно ќе мине низ короната, очекуваат во агенцијата.