Во рамките на одбележувањето на 2021 – Година во чест на Блаже Конески по повод 100-годишнината од раѓањето, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите во понеделник со почеток во 11:00 часот ќе се одржи Свечен собир во чест на Блаже Конески.
Свечениот собир е составен од два дела, а во првиот дел ќе се обратат: д-р Стево Пендаровски, претседател на РС Македонија; акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ; проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ; акад. Катица Ќулавкова, секретар на ОЛЛН – МАНУ и раководител на проектот „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески.“ Со омаж за Конески ќе се претстават акад. Зузана Тополињска и акад. Влада Урошевиќ.
Во вториот дел на Свечениот собир ќе биде претставено уметничкото и научното дело на Блаже Конески во контекст на критичкото издание на неговите целокупни дела на МАНУ. Се работи за 12 тома со целокупните дела на Блаже Конески, а соодветните томови ќе ги претстават професорите: Венко Андоновски, Наташа Аврамовска, Иван Џепароски, Анастасија Ѓурчинова, Красимира Илиевска, Марјан Марковиќ, Веселинка Лаброска, Људмил Спасов, Лилјана Макаријоска и Станислава-Сташа Тофоска.
На Свечениот собир ќе биде промовирана и веб-страницата со дигиталните изданија на објавените томови од „Критичкото издание на целокупните дела на Блаже Конески“ којашто ја подготви Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ.
Пристапот до страницата е преку следниов линк: http://koneski.manu.edu.mk/
Матица во годината на својот јубилеј (30 години од своето постоење), на 18 декември (сабота) точно напладне, во 12 часот посакува да се случи средба на која место со чаша вино, ќе се наздрави со книга и на тој начин ќе се направи еден вид омаж за големиот татко на македонската научно-критичка мисла, но и за „патријархот на македонското писмо“ како што го нарекува познатиот грчки поет Костас Валетас во книгата „Светската критика за делото на Конески“.
Преку заедничкото претставување на нејзините книги од самиот Конески и на книгите поттикнати од творештвото на Конески, Матица посакува, како што пишува и Мојсова-Чепишевска во својата книга „Конески како тестамент“ да го растајни всушност завештанието на човекот, филолог, професор и поет, кој преку своето дело го запозна светот не само со македонскиот јазик, туку и со македонското богато фолклорно, културно и книжевно-историско наследство. Претставувајќи го, од една страна како врвен лингвист со енциклопедиско знаење, а од друга страна како продолжувач на вековната Кирило-Методиевска и Климентова традиција, овие книги се за сите оние читатели со префинет вкус, зашто го исчитуваат завештанието на Конески, не само како поттик што ја прави уште подостоинствена нашата национална егзистенција, туку и како трајна инспирација за идните поколенија книжевници и лингвисти.
В очи на точно 100-те години од раѓањето на Блаже Конески, издавачката куќа „Матица македонска“ организира заедничко чествување и наздравување со книги од Конески и најнови изданија посветени на Конески и инспирирани од Конески, и тоа: „РАЗГОВОРИ СО КОНЕСКИ“ од Цане Андреевски „СВЕТСКАТА КРИТИКА ЗА ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ“, приредена од Раде Силјан и Паскал Гилевски „ВРЕМЕТО НА КОНЕСКИ“ од Димитар Пандев „КОНЕСКИ КАКО ТЕСТАМЕНТ“ од Весна Мојсова-Чепишевска „ЕПОХАТА КОНЕСКИ“ од Георги Старделов
Пратениците ги изгласаа законите потребни за целосно да профункционира системот безбеден град: Законите за возила, за полиција, за извршување санкции и за безбедност на сообраќајот. Останува да ги доусвојат уште измените во Законот за прекршоци, кој е во второ читање.
Покрај тоа, предложени се и измени во Кривичниот законик за да се усогласат со пакетот закони поврзани со системот „Safe city.“
Законските измени детално ја уредуваат целата постапка – од констатирањето на прекршокот, до изрекувањето на најстрогите мерки, а доуредуваат и други прашања.
Возачите што трипати ќе добијат забрана за возење, ќе останат без возачка дозвола.
Обвинени директор и управител: Комунален отпад ја загрозувал животната средина во Скопје
По спроведена истрага, Основното јавно обвинителство Скопје подигна обвинение против две лица, кои се обвинети дека заеднички извршиле сериозно кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, казниво по член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Според наодите од истрагата, во текот на октомври годинава обвинетите, со сериозни пропусти во вршењето надзор врз собирањето, транспортот и управувањето со отпадот, создале реална опасност од значително загадување на почвата, воздухот и водата, како и ризик по здравјето и животот на граѓаните и уништување на растителниот и животинскиот свет во поголем обем.
Првиот обвинет, како вршител на должност директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, постапувал спротивно на Статутот на претпријатието, Законот за комунални дејности и одлуките на Управниот одбор. Тој не ја спроведувал деловната политика, не ги извршувал своите основни надлежности, не ги следел и анализирал плановите и договорните обврски и не преземал мерки за нивна реализација. Дополнително, не обезбедил соодветна заштита на животната средина и не се грижел комуналните услуги да се вршат континуирано, квалитетно и со исправна опрема и инфраструктура, иако тоа му било законска обврска како раководител на јавно претпријатие.
Заедно со вториот обвинет – управител за отпад (подгрупа 5), вработен во областа на комуналните дејности и носител на уверение за положен стручен испит за управување со отпад издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање – тие, според обвинителството, со умисла постапувале спротивно на Законот за животна средина и Законот за управување со отпад. Наместо да преземат мерки за заштита на околината, тие не ги спроведувале плановите и програмите за управување со комуналниот отпад на територијата на Град Скопје.
Како директна последица на нивното постапување, редовното собирање и транспорт на безопасен комунален отпад не било извршувано, ниту била побарана измена на Оперативниот план и програмата. Со тоа, обвинетите овозможиле формирање диви депонии на јавни и сообраќајни површини, при што отпадот се одлагал околу и во непосредна близина на садовите за собирање.
Со оглед дека доказната постапка е целосно завршена и дека обвинетите повеќе немаат можност да влијаат врз истрагата, јавниот обвинител предложи притворот да им биде заменет со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во суд, како и привремено одземање на патната исправа или забрана за нејзино издавање.
За обвинетиот управител со отпад, кој и понатаму е вработен во ЈП „Комунална хигиена“, обвинителството предложи и дополнителна мерка, со цел спречување на понатамошно загрозување на јавниот интерес и животната средина.
Изборот за вршител на функцијата државен јавен обвинител одложен
Советот на јавни обвинители денеска не успеа да избере вршител на должноста државен јавен обвинител, откако пропадна итната седница поради отсуство на еден од членовите. Од Советот уверуваат дека станувало збор за оправдано отсуство.
„Седницата на Советот на јавните обвинители, закажана за 18 декември 2025 година во 11 часот, по предлог на член на Советот, а поради оправдано отсуство на еден од членовите, се одложува за 22 декември 2025 година, понеделник, со почеток во 11 часот“, соопштија од Советот.
Изборот на в.д. државен обвинител требаше да се реализира по итна постапка, откако досегашниот државен обвинител Љупчо Коцевски завчера поднесе неотповиклива оставка во Собранието. Оставката дојде токму на денот кога пратениците требаше да го разгледуваат предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата.
По заминувањето на Коцевски, Собранието е обврзано во најкраток можен рок да распише оглас за избор на нов државен обвинител. До тогаш, функцијата ја врши вршител на должност, кој се избира од редот на републичките јавни обвинители, а го именува Советот на јавни обвинители.