Connect with us

Балкан

“Чичко, вози ме дома, немам чевли…“! ИСПОВЕД на СИНОТ на БРЕНА за KИДНAПИPAЊETO

Синот на Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ, Стефан открил на што се се сеќава од тој мачен настан.

Сите биле шокирани од признавањето на личниот курир на Душан Спасојевиќ Шиптар, за Информер, дека Стефан пред 21 година, наводно бил киднапиран од Средоја Шљукиќ, водач на ѕвездарскиот клан.

Стефан и порано одбегнувал да зборува пред медиумите за киднапирањето, но во една прилика открил, кога се ќе присетел на се, во сеќавање имал само едно чуство – страв.

– Се плашев дека тоа ќе ми биде последен ден во животот. Имав само 8 години, но бев многу свесен дека сум во опасност. Чуствував огромен страв. Тука си каде што си и незнаеш што ќе биде.Во еден момент се помирив со ситуацијата, сватив дека ништо неможам да направам. Сепак од тоа страшно искуство извлеков една важна порака, научив да го ценам секој ден…

– Што ти е патот потежок, ќе бидеш посилен. Глупаво е да зборувам кога мојот живот беше мед и млеко, а киднапирањето ми е најголема траума. Сепак не сум јас виновен што сум се родил како син на Лепа Брена и Бобо Живојиновиќ… Не сакам да ме паметат само по тоа што сум бил киднапиран – заклучил Стефан.

Еве како медиумите пишувале за последните денови од киднапирањето:

“Се е добро кога добро ќе заврши. Киднапираниот Стефан Живојиновоќ после пет дена се вратил дома:

Бидејќи мајкаму и таткому “на рака“ им избројале на киднаперите дваипол милиони марки, криминалците го пуштиле да се врати дома, малиот Стефан стигнал во вторник после 22 часот, го донел таксист.

Што точно се случувало таа ноќ. По добивањето на парите криминалците го оставиле Стефан во самиот центар на градот, во близина на Калемегдан, да седи на клупа.

“Чичко, возиме дома. Немам ни чевли, бидејќи ми ги соблекоа “ролерите“ му рекло детето на таксистот кој го замолил да го онесе дома…“

За сите од се најважно е што Стефан жив и здрав се вратил дома.

После киднапирањето на Стефан, Бобо и Брена организирале конференција за новинари, по повеќедневно молчење. Потоа цело семејство заминало за Америка.

Извор: Српски Информер

Балкан

Конфликт на грчката граница: Земјоделците не попуштаат, владата ги активира вонредните мерки

Грција веќе неколку дена е парализирана! Револтот на земјоделците, незадоволни од третманот на Владата, ескалираше во масовни протести кои ја фрлија земјата во хаос. Десетици сообраќајници, регионални и локални патни правци се блокирани, а сообраќајот на клучните гранични премини е во колапс.

Најголем удар трпи сообраќајот кон Македонија. Граничниот премин Евзони (Богородица), клучната артерија меѓу двете земји, вчера беше повторно блокиран од 17 часот, како последица на бескрајниот штрајк. Ова беше втор прекин во текот на вчерашниот ден, откако утрото беше затворен, па нормализиран, за повторно да биде заклучен попладне. Како што информира АМСМ, блокадите се случуваат во различни периоди од денот, што го претвори патувањето меѓу Македонија и Грција во вистинска лотарија. Единствена светла точка: Сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија) беше нормализиран, додека на ГП Дојран сè уште функционира без застои.

Со најмалку 40 земјоделски блокади низ целата земја и секојдневно засилување на протестите, грчката Влада брза да ги отклучи одложените земјоделски исплати. Тензиите веќе прераснаа во насилни инциденти на аеродромите на Крит и пред канцеларијата на министерот во Кардица.

Министерот за развој на земјоделството, Костас Цијарас, очајно повика на дијалог: “Подготвени сме веднаш да разговараме со земјоделците – денес, утре, кога и да е потребно.”

Владата ја остава отворена можноста за преиспитување на распределбата на земјоделскиот дизел и продолжување на субвенциите за електрична енергија. Сепак, како главен проблем останува неспособноста на земјоделците да се организираат и да настапат со унифицирани барања.

Основна причина за немирите се доцнењата во исплаќањата на субвенциите. Околу 140.000 производители беа исклучени од авансните плаќања поради проблеми со сателитското мапирање, предизвикани од грчкиот орган OPEKEPE. Уште посложено е прашањето за 13.451 сточари од Крит, Серес и Лариса, кои не добиле исплата бидејќи не можеле да пријават доволно пасишта.

Состојбата на Крит е особено вжештена! Протестите нагло ескалираа, претворајќи се во отворен судир со властите. Во Ираклио, земјоделците го пробија периметарот на аеродромот и влегоа на пистата! Во Ханија, избувнаа судири во близина на аеродромот, каде полицијата ги блокираше демонстрантите. Следуваше фрлање камења, солзавец и повреда на полицаец.

Властите не останаа неми: Најмалку 15 учесници се идентификувани и се соочуваат со сериозни обвиненија, вклучувајќи обид за убиство, формирање криминална организација и прекршоци со оружје.

Премиерот Киријакос Мицотакис испрати јасна порака: вратата за дијалог е отворена, но ултимативно бара прекин на насилството.

„Нашата врата е секогаш отворена, но дијалогот мора да се одвива со отворени патишта“, предупреди тој.

Мицотакис истакна дека екстремните дејствија ризикуваат да го свртат јавното мислење против земјоделците и нагласи дека преговорите мора да ги почитуваат фискалните ограничувања на ЕУ.

Како најава за следната ескалација, земјоделците планираат блокада на пристаништето Волос, каде ќе им се придружат и рибарите. Кризата во Грција е далеку од завршена.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ повикува на заеднички европски пат за целиот Балкан

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, влезе во дипломатска преписка со српскиот претседател Александар Вучиќ околу европската иднина на Западен Балкан, најавувајќи дека Подгорица не планира да чека никого.

Спајиќ изрази делумна согласност со предлогот на Вучиќ целиот регион истовремено да влезе во Европската унија (ЕУ), но со јасна и самоуверена порака: Црна Гора својот влез го гледа веќе во 2028 година.

„Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму веќе во 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот“, објави Спајиќ на социјалната мрежа X, пренесува Анадолија.

Само еден ден претходно, српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот BELTALKS во Белград ја лансираше идејата за колективен прием на сите земји од Западен Балкан, тврдејќи дека тоа е најдобрата опција за стабилност и решавање на отворените прашања.

„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме тогаш со другите? Како ќе ги решиме сите отворени прашања?“, запраша Вучиќ, потенцирајќи дека заедничкиот прием би бил најголем придонес за стабилноста на регионот и Европа.

Вучиќ најави дека оваа идеја ќе ја покрене на состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Сепак, одговорот на Спајиќ сугерира дека Црна Гора, како предводник во преговорите, не е подготвена да го забави своето темпо и испраќа директен предизвик до другите балкански земји да го следат нејзиниот пример.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ предлага сите земји од Западен Балкан истовремено да влезат во ЕУ

Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека единствена стратегија за стабилен Западен Балкан е сите кандидати од регионот да станат членки на Европската Унија истовремено. Изјавата ја даде на форумот „BELTALKS: Белградски економски разговори“, организиран од GLOBSEC.

„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме отворените прашања? Дајте сите да се чувствуваме добро“, рече Вучиќ, додавајќи дека само Европа без внатрешни граници може да гарантира стабилност и напредок за народите во регионот.

Претседателот истакна дека со овој колективен пристап србите, Бошњаците, Албанците и Хрватите ќе се чувствуваат подобро и дека токму тоа ќе го пренесе на средбите во Брисел со Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.

Во врска со кризата околу Нафтената индустрија на Србија, Вучиќ наведе дека државата ќе ја штити својата економија и инвестициски рејтинг, наведувајќи три можни решенија, вклучително и интервенција на државата.

На крајот од говорот, Вучиќ предупреди дека светот се движи кон нова голема војна во следните осумнаесет месеци, но истакна дека Србија ќе продолжи да се однесува воздржано и одговорно, и покрај притисоците од соседите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг