Beтеpaн на УЧК paзочаран го испрати синот на пeчaлбa: Мислев од Кocoво ќе направиме цветна градина

„Ружди Орана, ветеранот на Ослободителната војска на Косово, објави дека го испратил својот единствен син Фидан на печалба, за да се стреми кон подобар живот. Тој побара прошка од синот за солзите, кои ги пролеа денеска на аеродромот. Ружди Орана вели дека неговиот син е образован човек, кој не успеал да се снајде во родниот град.“ – пишува информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ја пренесува оваа своевидна исповед на овој Косовец на фејсбук:

„Не беше лесно да му кажам среќен пат на синот. Тој тргна денес на пат, а можев и јас да го сторам тоа пред 30 години. Но, во тоа време не можев да му го свртам грбот на Косово, не можев да го напуштам училиштето каде што работев. Мислевме дека Косово ќе го направиме градина со цвеќиња, како што ни велеа политичарите од тие години. Но, се се покажа сосема поинаку. За чудење, иако сум ветеран во образованието и ветеран на УЧК, не успеав да се вработам во ниедна државна организација. И сега човек, иако е интелектуалец, треба да оди и да работи во странски држави. Никогаш не сум мислел за ова, но еве 22 години по војната Косово се празни од младите луѓе. Среќен пат, сине и имај среќна судбина во животот!“