Connect with us

Европа

Мерцедес ќе почести 100 000 работници со бонус до 6000 евра

Published

on

Дајмлер и Мерцедес-Бенц ќе прослават добра деловна година со плаќање дарежливи бонуси на германските вработени кои ги исполнуваат условите.

Одборот и работничкиот совет на германскиот производител на автомобили ќе исплатат бонуси со висина до 6.000 евра на приближно 100.000 квалификувани работници ширум земјата, изразувајќи благодарност за нивната работа во текот на годината отежната од пандемијата „Ковид-19“, но и недостатокот на чипови и доцнењето во производството.

Дајмлер се уште не ги објавил финансиските резултати за 2021 година, но истакнува дека била исклучително успешено година.

„Извонредниот развој на нашата компанија е тимско достигнување“, вели Сабине Кохлајсен, член на Управниот одбор на „Daimler AG“ и „Mercedes-Benz AG“, менаџерка за човечки ресурси и директорка за работни односи.

„Би сакала од се срце да им се заблагодарам на сите мои колеги кои придонесоа за ова достигнување со нивната голема посветеност. Бидејќи минатата година не беше лесна, среќна сум што можеме да им исплатиме на нашите вработени рекорден бонус.”

Дајмлер често им исплаќа бонуси на своите вработени во Германија, но таа сума не била толку голема како оваа година.

За споредба, германскиот производител на автомобили им обезбеди на вработените бонус од 597 евра на почетокот на 2020 година и еднократен бонус до 500 евра.

Европа

Русија одби прекин на огнот: „Тоа не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“

Published

on

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин за меѓународни прашања, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека предложениот 30-дневен прекин на огнот „не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“.

„Русија бара долгорочно мирно решение за конфликтот во Украина што ќе ги земе предвид интересите и грижите на Москва“, рече Ушаков, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

Тој нагласи дека американските претставници разбираат дека во контекст на мирно решение не може да се зборува за членство на Украина во НАТО и додаде дека е во постојан телефонски контакт со американскиот колега Мајк Волц.

Според агенцијата, Ушаков не ја исклучил можноста Путин во текот на денот да даде поконкретни оценки за предлогот за привремен прекин на огнот во Украина.

Претходно денеска, Ројтерс објави дека Русија им претставила на САД список со барања за договор за ставање крај на војната со Украина и ресетирање на односите со Вашингтон.

Два неименувани извори ги опишаа условите на Кремљ како широки и слични на барањата што Русија претходно ги постави кон Украина, САД и НАТО.

Continue Reading

Европа

Италија се приклучува на трката за супер тенкот на иднината – MGCS

Published

on

Италија не се фокусира само на тенкот Panther – земјата веќе гледа кон следната генерација на оклопни возила, познатиот MGCS (Main Ground Combat System), кој се очекува да стане „супер тенкот на иднината“.

Италијанската компанија Leonardo игра клучна улога во оваа амбициозна воена програма. Прво, преку соработка со германскиот Rheinmetall, таа се вклучува во производството на модерниот тенк Panther, а потоа планира да биде дел од развојот на MGCS – новиот оклопен џин кој треба да доминира на бојното поле во наредните децении.

MGCS е заеднички проект на Германија и Франција, дизајниран како замена за постојните Leopard 2 и Leclerc тенкови. Овој напреден борбен систем ќе биде опремен со најнова генерација на оружје, напредна вештачка интелигенција и интегрирани системи за електронска борба, што ќе му овозможи супериорност во секој можен конфликт.

Со ваквата стратегија, Италија не само што обезбедува клучна улога во производството на модерните борбени возила, туку и гарантира дека нејзините вооружени сили ќе останат чекор пред останатите во развојот на воената технологија.

Continue Reading

Европа

ПРЕМНОГУ ПАРИ ЗА ОДБРАНА СЕ РИЗИК ЗА ЕКОНОМИЈАТА, ПРЕДУПРЕДУВА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА

Published

on

Откако досега е инвестирано премалку во одбраната, сега е ризично да се инвестира премногу одеднаш бидејќи постои ризик од целосен хаос во ЕУ, а Европската централна банка почнува да гледа на желбата да инвестира во тешката индустрија со одредено страв. „Трговската фрагментација и повисоките трошоци за одбрана во сектор со ограничен капацитет во принцип би можеле да ја поттикнат инфлацијата“, предупредува претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард,учествувајќи на  конференција организирана од Гете институтот во Франкфурт.

Креаторите на политиката се борат со„исклучително висока“ несигурност,рече во средата Кристин Лагард, претседателка на Европската централна банка, само неколку часа откако Европската комисија објави тарифи за американскиот увоз како одговор на давачките наметнати од администрацијата на Трамп. Подоцна, Канада објави нова рунда одмазднички тарифи за увозот од САД.

Непредвидливоста на трговската политика и геополитиката, што веројатно ќе значи повеќе големи економски шокови, ќе им отежне на централните банкари да ја задржат инфлацијата на нивната цел од 2 проценти, рече г-ѓа Лагард.

„Брзањето за повторно вооружување како резултат на нестабилното геополитичко опкружување дефинирано од Европската комисија во нејзиниот план „Вооружање на Европа“ – може да произведе непожелни ефекти врз индексот на трошоците на животот што Брисел, како и во другите главни градови, веројатно не го сметаше за доволно. Надежта, во оваа смисла, е дека соочени со ризикот од нов пораст на инфлацијата поради зголемувањето на трошоците за одбрана, „американските тарифи, исто така, би можеле да ја намалат побарувачката за извоз на ЕУ и да го пренасочат вишокот капацитет од Кина во Европа, што би можело да ја турне инфлацијата надолу“, смета Лагард.

Лагард се осврна темата за одбрана и на неизвесностите на сè понепредвидливото опкружување. Без експлицитно да се осврнува на американскиот претседател Доналд Трамп или на активностите на Русија и Кина, претседателката на ЕЦБ забележува дека „утврдените извесности за меѓународниот поредок се поништени“. Некои сојузи станаа затегнати, додека други се подобрија. „Видовме политички одлуки кои би биле незамисливи пред само неколку месеци“. Во контекст каде што „показателите за геополитички ризик стојат на нивоа невидени уште од Студената војна“, таа понатаму предупредува, „шоковите стануваат се поголеми, опстојувањето на инфлацијата во некои околности би можело да биде поголема“.

Под различни околности, овогодишната конференција можеше да изгледа повеќе како прослава бидејќе има причини за славење: инфлацијата во еврозоната забави на 2,4 отсто во февруари, блиску до целта на централната банка, а креаторите на политиката беа во можност да ги намалат каматните стапки шест пати од средината на минатата година, констатира Њујорк Тајмс.

Извор: Pari.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк