Connect with us

Македонија

Вучиќ за Македонците: Ние го прифаќаме нивниот јазик и нација, им посакуваме сѐ најубаво

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа најави дека претстојната средба „Отворен Балкан“ во Тирана ќе донесе многу добри и важни заклучоци, многу придобивки за сите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

– Веруваме дека се приближуваме до она што многу ќе го олесни движењето не само на граѓаните кои би сакале да патуваат, туку и на бизнисмените и во протокот на стоки, услуги и капитал. Ќе ги поврземе нашите народи кои ќе имаат многу поблиски односи отколку во минатото, изјави Вучиќ во интевјуто за ТВ Пинк.

Во тој контекст, тој потсети дека денес Србија е призната од Македонците како нација и земја која е најблиска до Северна Македонија и нивните граѓани, и тој добрососедски однос мора да го градиме.

– Ние го прифаќаме нивниот јазик, нивната нација. Им посакуваме сѐ најдобро, на Македонците, Албанците, Србите и сите граѓани на Северна Македонија. Ние сме единствените кои немаме никаков проблем со нив, додаде Вучиќ.

Тој истакна дека добил видео од албанскиот премиер Еди Рама од селанец од северот на Албанија кој на пазарот ги објаснува предностите на „Отворениот Балкан“.

Селанецот, како што кажа, рекол дека многу му значи ако може со својата стока да оди во Белград.

– Знаете ли што сѐ би можеле да извезуваме, многу повеќе, а што би извезувале би се сменило, затоа што можеме наместо суровини да извезуваме многу повеќе полупроизводи и финални производи, а тоа се повисоки цени, објасни Вучиќ.

Тој потсети дека на овој начин по вековни војни нордиските земји се поврзаа, што им донело само добро.

Извор: МИА

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг