Рецепт за божиќни колачи кои можат долго да стојат, убаво изгледаат и многу се вкусни (Видео)

Малите, слатки и убави божиќни колачи во форма на ѕвезди ги красат богатите трпези за време на празниците.

Пробајте ги овие вкусни божиќни колачи.

Состојки:

500 гр. брашно

200 гр. шеќер

250 гр. маргарин

2 јајца

1 прашок за пециво

1 рендана кора од лимон или портокал

decorated soft gingerbread cookies

Подготовка:

1. Најпрво се ставаат маргаринот (претходно оставен на собна температура) шеќерот и ренданата кора. Се меша убаво со раце.

2. Потоа се додаваат јајцата и пак се меша.

3. На крајот малку по малку се додава брашното во кое го ставаме пецивото и ја месиме смесата додека не се соедини убаво.

4. Готовото тесто го ставаме да отстои во фрижидер околу 3-4 часа.
Кога тестото е готово се развлекува кора и со калапчиња се прават форми по ваш избор.

Во оваа смеса се додаваат прехрамбени бои и се украсуваат колачињата.
Многу се лесни за правење и многу вкусни. Можат да се направат за било која пригода и во различни форми.

Како да ги декорирате шеќерните колачи можете да видите на следново видео: