Гостиварчанецот Исмаили по втор пат СВЕТСКИ ПРВАК во модерно танцување (Фото)

Нов голем успех на гостиварецот Анди Исмаили. На Светското првенство во модерен современ танц, што се одржува во Варшава, Полска ја освои титулата светски шампион во соло танцување. Талентираното момче од Гостивар по втор пат се покажа како најдобар на ова натпреварување. Прво место освои и во 2019-та година.

На Светското првенство во модерен современ танц во Полска се натпреваруваат над 2.000 учесници од 22 земји ширум светот, меѓу кои: Германија, Турција, Србија, Норвешка, Русија и други.

Анди е член на Idance studio Гостивар.